Во година обележана со глобални тензии, неколку држави и понатаму се издвојуваат по исклучително високо ниво на мир и безбедност.
И покрај ескалацијата на конфликти, гранични притисоци и економска неизвесност на глобално ниво, најновите рангирања на Глобалниот индекс на мир (Global Peace Index – GPI) издвојуваат пет земји кои и натаму се на врвот според мирот, безбедноста и ниските нивоа на насилство. Индексот, изработен од Институтот за економија и мир, опфаќа 163 земји и се базира на низа индикатори, вклучувајќи тековни конфликти, јавна безбедност и милитаризација.
1. Исланд и понатаму ја носи титулата најмирна земја во светот, со години е на врвот на листата на GPI, благодарение на силните социјални системи, ниската стапка на криминал и минималното учество во конфликти.
2. Ирска се најде меѓу петте најбезбедни земји, со стабилни резултати според индикаторите за мир. Нејзината стабилна политичка средина и фокусот на општествената безбедност придонесуваат за високото рангирање.
3. Нов Зеланд, препознаен по исклучително високото ниво на безбедност. Мирната општествена средина и нискиот ризик од внатрешни и надворешни конфликти му обезбедуваат висока позиција.
4. Австрија се вбројува меѓу најбезбедните земји во светот. Со долгогодишна традиција на мир и стабилност во срцето на Европа, нејзиното рангирање ја одразува силната институционална рамка и ниските нивоа на насилство.
4. Швајцарија (со ист резултат со Австрија, според индексот) зазема 4-то место како една од најмирните земји според GPI 2025. Позната по својата неутралност, стабилна политичка средина и силен фокус на безбедност, Швајцарија се издвојува по високите оценки на мир и општествен ред.
5. Сингапур ја заокружува листата на петте најбезбедни земји во 2025 година. Постојаниот фокус на владеењето на правото, редот и јавната безбедност придонесува за репутацијата на оваа држава како едно од најсигурните места во светот.
Рангирањето за 2025 година доаѓа во време кога многу земји се соочуваат со зголемени конфликти, што ги прави резултатите на првопласираните уште повпечатливи. Додека во голем дел од светот се бележи влошување на нивото на мир, земјите на врвот на индексот и понатаму покажуваат длабоко вкоренета стабилност и безбедност.
Редакција Фронтлајн

























