ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја

December 27, 2025 13:09
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Грчките земјоделци го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сообраќај на сите возила до 16 часот по грчко, односно 15 часот по македонско време, а за попладне планирана е втора четиричасовна блокада од 18 часот по локално време, јави дописничката на МИА од Атина.

По пауза од четири дена и отворени автопатишта и гранични премини за време на Божиќ, земјоделците од денеска одново ги вратија блокадите на низа локации во цела Грција.

На Евзони, кусо пред 12.30 часот по локално време, паркираните трактори на грчката страна го затворија граничниот премин за сите возила, а според информациите на МИА, сообраќајот ќе биде во прекин до 16 по грчко (15 по македонско време), по што границата ќе се отвори на два часа, а земјоделците одново ќе постават блокада од 18 до 22 часот (17 до 21 часот по македонско време).

За оние кои патуваат во Грција, граничните премини Ники (Меџитлија) и Дојран, засега се отворени за сообраќај.

На Ники не е исклучена можноста да има нови блокади, со оглед на тоа што и таму се паркирани трактори, додека пак на Дојран грчките земјоделци немаат поставено блокада и сообраќајот се одвива непречено.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, не е исклучена можноста и во текот на утрешниот ден повторно да има две четиричасовни блокади на Евозони во истиот период како и денеска, односно сообраќајот да биде во прекин во периодот меѓу 12 и 16 часот и од 18 до 22 часот по грчко време.

На Евзони, блокадите започнаа на 1 декември кога земјоделците од регионот на Пеонија и од градот Јаница пристигнаа со нивните трактори, кои остануваат паркирани на грчката страна на границата и во изминатиот период го блокираа граничниот премин со исклучок на периодот за Божиќ.Во текот на денешниот ден одново се активираат и низа блокади на автопатиштата низ цела Грција, што ќе траат до вторник.

На автопатот Солун – Атина кај патарините Малгара на излез од Солун затворен е сообраќајот кон грчката метропола, а во двата правци ќе се затвори во понеделник на два дена.

Според најавите, од вторник до петок, поради Нова година, се очекува одново да бидат отворени сите автопатишта и гранични премини, како што беше случај за Божиќ, за да се олесни патувањето на граѓаните.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.

Tags: ГрцијаЕвзони
Next Post

СДСМ бара итно исклучување на Јован Деспотовски од партијата – „продаде сè што претставува СДСМ“

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk