Ким и Клои Кардашијан се најдоа во центарот на остри критики од организацијата за заштита на животните ПЕТА, како и од голем број корисници на социјалните мрежи, откако за Божик одлучија да купат нови кученца, наместо да вдомат животни од засолништа.
Ким Кардашијан на секое од своите четири деца им подари по едно кученце од расата померанец, додека Клои во семејството донесе лабрадор купен од одгледувач. Потегот предизвика лавина реакции, особено во контекст на сè поголемата криза со напуштени животни и преполни засолништа, пишува Daily Mail, пренесува Index.hr.
Ким минатата недела на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледаат четири мали кученца свиткани на кауч, со кратка порака: „Секое дете доби кученце“.
Ким со поранешниот сопруг Канје Вест има четири деца – ќерките Норт (12) и Чикаго (7), како и синовите Сеинт (10) и Псалм (6). Она што таа го замислила како идиличен божикен момент, на интернет беше пречекано со сосема спротивни реакции.
View this post on Instagram
ПЕТА: „Кученцата не се плишани играчки“
Набргу по објавата реагираше и Ингрид Њукерк, основачка на ПЕТА, која во изјава за Daily Mail остро го осуди потегот на сестрите Кардашијан. Таа посочи дека како јавни личности со огромно влијание, пропуштиле можност да промовираат вдомување животни од засолништа.
„Кученцата не се плишани играчки. Вистинска срамота е што Ким не ја искористи можноста да биде глас за кучињата од засолништата, туку наместо тоа заслужено беше критикувана на социјалните мрежи“, изјави Њукерк.
ПЕТА ги повика Ким и Клои да „преземат одговорност“, предлагајќи конкретни чекори – од волонтирање на децата во локални засолништа, преку финансирање акции за вдомување, до покривање на трошоци за стерилизација, со цел да се помогне во справувањето со проблемот на бездомни животни.
View this post on Instagram
„Домашните миленици не се подароци“
Покрај официјалната реакција на ПЕТА, бројни корисници на интернет – особено на Reddit – не ги штедеа критиките. „Кученцата не се божикни подароци за деца“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Животните не се подароци, освен ако некој навистина сака миленик и е подготвен да се грижи за него. Ова е навистина проблематично“.
Многумина изразија сомнеж дека за кучињата ќе се води долгорочна грижа. „За нив тоа е само додека се мали и слатки. Кога ќе пораснат, престануваат да се грижат. Апсолутно апсурдно“, гласи еден од коментарите.
Ова не е првпат Ким Кардашијан да се соочи со критики поради односот кон домашните миленици. Во 2022 година таа беше на удар на јавноста откако нејзината ќерка Норт објави видео на TikTok што сугерираше дека нивните кучиња, Суши и Саке, вдомени во 2017 година заедно со Кортни Кардашијан, живееле во гаража.







