Во некои земји е навистина тешко да се обезбедат доволни колични на тестови за Ковид-19. Ист е случајот и со натешко погодените делови на САД и Велика Британија. За разлика од нив, во првиот епицентар на пандемијата – Вухан, тестовите се ефтини, брзи и лесно достапни.
Изразот „тест за нуклеинска киселина“ стана познат во градот со 11 милиони жители, каде многу од компаниите, иако не е тоа задолжително, бараат од вработените кои се враќаат на работа по карантинот, да покажат негативен тест.
Во една од болниците во Вухан, луѓето кои сакаат да се тестираат треба само да плукнат во туба. Тестот чини 260 јуани (околу 2.000 денари), а резултатите ги добиваат на мобилна апликација. Од 21 февруари, само во Вухан биле направени речиси 22 милиони тестови.
Низ Кина, одговорните за снабдување со тестови за нуклеинска киселина го забрзуваат процесот и го прават поедноставен, иако сѐ уште е дискутабилна точноста на ваквите тестови.
Граѓаните на Вухан се тестираат доброволно, а сѐ со цел животот во милионскиот град побрзо да се врати во нормала по 76-дневниот карантин и најстроги забрани.
Coronavirus tests can be difficult to come by in many countries including in hard-hit parts of the United States and Britain, but in Wuhan, the Chinese epicentre of the pandemic, they are fast, cheap and easy to get. @brendagoh_ reports: https://t.co/LI0OaQOhN9 pic.twitter.com/w8i3iWn2LJ
— Reuters (@Reuters) April 14, 2020
Извор: Ројтерс