Американската корпорација Епл планира наесен да претстави четири нови паметни телефони со 5G технологија и да го осовремени дизајнот на моделите Про.
Според извори упатени во проблематиката, компанијата може да пушти само два топ-модела по претходно претставените Ајфон 11 Про и Ајфон 11 Про макс.
Дизајнот ќе биде сличен на Ајпад Про од 2018 година, со малку позаоблени агли. Се очекува да бидат претставени и два нискобуџетни модела, кои ќе го заменат Ајфон 11.
Двата модела Про ќе бидат надградени со 3D ЛИДАР системот, три камери на задната страна и голем екран.
Претставувањето на новите модели може да се случи неколку седмици подоцна од очекуваното.