Викторија и Дејвид Бекам влегоа во 2026 година во сенка на семејски раздор со нивниот најстар син Бруклин, но првите јавни потези на поранешната „спајс девојка“ укажуваат на јасна желба за помирување и нов почеток.
Иако 26-годишниот Бруклин во моментов не комуницира со членовите на семејството и неодамна ги блокирал на социјалните мрежи, Викторија реши симболично да ја започне годината со порака на љубов. Таа сподели фотографија од Дејвид и Бруклин, придружена со пораката на поранешниот фудбалер: „Сите ве сакам многу“, додека Викторија додаде емотикон со црвено срце. Потегот беше протолкуван како јасен сигнал дека родителите се подготвени да подадат рака за помирување кон синот, кој живее во САД со сопругата Никола Пелц-Бекам.
Набргу потоа, Дејвид Бекам објави и црно-бела фотографија од Викторија со нивните четири деца, со порака: „Вие сте мојот живот. Сите ве сакам. Ве сака тато. Одиме во 2026.“ И оваа објава многумина ја доживеаја како уште еден јавен повик за семејно обединување.
Точната причина за конфликтот сè уште не е официјално потврдена. Претходно, извор близок до семејството изјави дека тензиите започнале откако Никол станала дел од семејството, тврдејќи дека таа, според перцепцијата на Викторија, не покажувала доволно почит. И покрај тоа, истиот извор нагласува дека и Викторија и Дејвид силно сакаат да ги надминат недоразбирањата.
„Дејвид веќе се јави и, доколку е потребно, ќе отпатува за да се види со Бруклин. Тој сака да ја изгаси оваа искра додека не прераснала во нешто поголемо. Сака сите да седнат во иста просторија и отворено да разговараат, кога емоциите ќе се смират“, вели изворот, додавајќи дека родителите се длабоко погодени од тоа што конфликтот стана јавен.
Семејната драма трае уште од пролетта 2025 година, кога Бруклин не присуствуваше на прославата на 50. роденден на Дејвид, ниту на 51. роденден на Викторија. Во декември, неговиот помлад брат Круз откри дека Бруклин ги блокирал родителите, браќата и сестрата на социјалните мрежи, иако продолжил да ги следи тетките, како и бабата и дедото.
Ситуацијата тешко им паѓа на родителите, а извор близок до семејството ја опиша како „тажна и тешко разбирлива“. Во меѓувреме, јавноста отворено навива за помирување, оставајќи коментари со пораки дека семејството треба повторно да се обедини.
Експертка за решавање конфликти, Џули Кобалт, истакна дека обновата на довербата е клучна за повторно поврзување. „Довербата може да се изгради повторно, но само ако постои заедничка желба за поправка на односите. Тоа значи простор за искреност, ранливост и меѓусебна почит“, вели таа.
Викторија и Дејвид Бекам се надеваат дека 2026 година ќе донесе ново поглавје за нивното семејство – надеж што ја делат и нивните обожаватели ширум светот.








