ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ВИДЕО снимка од Мадуро во лисици во Њујорк, ќе му се суди за обвиненијата за трговија на дрога

January 4, 2026 09:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Скриншот, видео CNN

Фото: Скриншот, видео CNN

Share on FacebookShare on Twitter

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро се наоѓа во притвор во Њујорк, откако беше заробен за време на американска воена операција во Венецуела во саботата, јавува BBC. Мадуро и неговата сопруга, првата дама Силија Флорес, биле однесени од главниот град Каракас и префрлени во Metropolitan Detention Center во Бруклин, каде треба да се соочат со обвиненија поврзани со трговија на дрога.

Во видео што го објави CNN, Мадуро во лисици придружуван од агенти на DEA, во Регионалната дивизија на DEA со надлежност за државата Њујорк.

Мадуро и претходно ги негираше обвинувањата дека е лидер на нарко-картел, тврдејќи дека станува збор за политички мотивиран прогон. Сепак, американските власти со години го поврзуваат венецуелскиот претседател со наводни криминални мрежи.

По операцијата, Венецуела прогласи вонредна состојба и остро ја осуди акцијата, нарекувајќи ја „воена агресија“ и директно нарушување на државниот суверенитет. Владата во Каракас најави дека ќе преземе дипломатски и политички чекори како одговор на американската интервенција.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја „водат“ Венецуела „додека не се создадат услови за безбеден, соодветен и внимателен транзициски процес“. Тој додаде дека американски нафтени компании би можеле да помогнат во обновата на, како што ја нарече, „скршената инфраструктура“ на земјата и истовремено „да почнат да создаваат приходи за Венецуела“.

Сепак, како што анализира дописникот на BBC Том Бејтмен, ваквите изјави отвораат сериозни прашања за вистинските намери на Вашингтон. Според него, дел од критичарите сметаат дека реториката на Трамп сугерира дека приоритет не е демократска транзиција или праведен политички исход, туку економски интереси поврзани со венецуелските нафтени ресурси.

Развојот на настаните се следи со големо внимание од меѓународната заедница, со оглед на тоа што станува збор за потег без преседан во современите односи меѓу САД и Латинска Америка.

Редакција Фронтлајн

Tags: МадуроСАДТрамп
Next Post

Во МНТ македонска премиера на „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk