пишува: РИБАРО
На прес конференцијата на министерот за внатрешни рабoти Наќе Чулев, министерот Чулев имаше слика немаше тон. Во меѓувреме видеото на кое се потпираше АХА, е отстрането од Јутјуб.
Видеото траеше 10 минути и 35 секунди. Министерот Наќе Чулев се појавува во 7.23 минута, се обидува нешто да каже, зборови излегуваат, тон нема. Цела минута комуњарите го оставија министерот Чулев да се мачи и говори, а ваму тон не му пуштаат.
Светски заговор, велат изворите на АХА. Ова е заговор против легитимно поставен министер од ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада, координиран директно од комуњарите и мрачните светски сили.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK