Нелигашкиот Macclesfield приреди една од најголемите сензации во историјата на ФА Купот, откако со 2-1 го елиминираше актуелниот освојувач на трофејот, премиерлигашот Crystal Palace.
Разликата од дури 117 позиции меѓу двата тима на лигашката скала ја прави оваа победа статистички најголем шок во историјата на натпреварувањето, но на теренот таа разлика воопшто не се почувствува. Напротив, Маклсфилд одигра зрел и дисциплиниран натпревар и сосема заслужено се пласираше понатаму, пренесува Би-Би-Си.
Домашниот тим поведе во првото полувреме преку капитенот Пол Досон, кој со одличен удар со глава ја затресе мрежата по прецизен центаршут. Во вториот дел, Исак Бакли-Рикетс дополнително го шокираше Палас, откако најдобро се снајде во шеснаесетникот и зголеми на 2-0.
Гостите намалија длабоко во судиското продолжение со мајсторски изведен слободен удар на Бренан Џонсон, но тоа беше недоволно за пресврт. Маклсфилд издржа до крај и обезбеди историска победа пред својата публика.
Кристал Палас, кој минатата сезона сензационално го освои ФА Купот со победа над Манчестер Сити, имаше доминација во поседот на топката, но создаде малку чисти шанси. Ова е нивен деветти натпревар по ред без победа и убедливо најразочарувачки резултат во таа серија.
Редакција Фронтлајн












































































































