Паднале делови од конструкцијата на големиот трговски центар Космос во Солун. Жена на возраст од околу 45 години се здобила со повреди на главата и вратот кога врз неа паднал дел од таванот.
Грчките медиуми јавуваат дека жената била свесна кога пристигнала Брзата помош и дека веднаш била пренесена во болницата „Папаниколау“ за понатамошно лекување.
Инцидентот се случил на првиот кат, во делот каде што се сместени рестораните и објектите за брза храна, место кое вообичаено е преполно со посетители.
За несреќниот инцидент и драмата сведочи и видеото коешто се разшири на социјалните мрежи.
Несреќата се случила вчера во трговскиот центар „Mediterranean Cosmos“ во Солун, една од најомилените шопинг дестинации за македонските граѓани. Дел од таванската конструкција се урнал среде гужва, при што била повредена жената.







