ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Комисијата за култура на СДСМ: Платите во културата се пресметуваат по закон, не по упатства на министерот

January 13, 2026 18:53
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за култура на СДСМ, остро реагира на, како што наведува, незаконската и самоволна пресметка на платите во културата, спроведена по „упатство“ на министерот за култура Зоран Љутков, со целосна поддршка од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо почитување на Законот, Колективниот договор за култура и правосилните судски пресуди, Министерството за култура се обидува да го наметне личниот став на министерот како единствен законски модел за пресметка на плати. Тоа не е реформа, тоа е институционализирано беззаконие“, се наведува во соопштението на Комисијата за култура на СДСМ.

Оттаму јавно и недвосмислено укажуваат дека во 2023 година никогаш не било понудено зголемување на коефициентите по член 66 од Колективниот договор, оценувајќи дека станува збор за политичка манипулација.

„Ова е класичен пример на политичка манипулација – ВМРО-ДПМНЕ создава проблем, а потоа глуми дека го решава, додека реално им одзема права и пари на вработените во културата“, посочуваат од Комисијата.

Во соопштението се нагласува дека постојат повеќе судски пресуди, донесени од различни судови и различни судии, кои, како што велат, недвосмислено утврдуваат незаконско постапување на Министерството за култура.

„Наместо почитување на судството, министерот и Владата избираат ароганција, молк и медиумски ПР објави за тоа каде биле и што посетиле, додека културните работници се понижени, обесправени и финансиски оштетени“, наведува Комисијата за култура на СДСМ.

Од таму предупредуваат дека ваквото однесување не нанесува штета само на вработените во културата, туку директно ја компромитира Владата и ја изложува државата на нови тужби и финансиски загуби.

„Културата не е полигон за лични хирови, ниту пак вработените се статисти во политички калкулации. Законите и Колективните договори не се препорака, тие се обврска“, се додава во реакцијата.

Комисијата за култура на СДСМ бара итно повлекување на незаконското упатство, почитување на Колективниот договор, усогласување на платите согласно закон и преземање институционална и политичка одговорност.

Next Post
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анаис – 14 јануари 2026

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk