ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

(ФОТО) Автопатот Штип – Миладиновци претворен во лизгалиште, состојбата е алармантна

January 21, 2026 09:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, РЕПУБЛИКА
Автопат Миладиновци -Штип. Фото: Фронтлајн

Автопат Миладиновци -Штип. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Автопатот „Гоце Делчев“ на делницата Штип – Миладиновци е во исклучително опасна состојба, јавува читателка на Фронтлајн која утрово поминала по трасата.

Според нејзиното сведоштво, снег паѓа уште од околу четири часот наутро, а патот е подмрзнат и разгазен исклучиво од возила, без навремено фрлање сол или песок. Ситуацијата е особено критична на делот кај Свети Николе, каде коловозот е лизгав и небезбеден за сообраќај, што се гледа и од фотографиите што ни ги испрати.

Кај Алакинци (втората патарина), според читателката, има фрлено минимална количина песок и тоа само на една лента и во една насока – Штип кон Скопје, бидејќи се работи за угорница. Во спротивната насока, Скопје – Штип, која е удолница и уште поопасна при вакви услови, воопшто нема фрлано песок.

По втората патарина, на неколку места има траги дека е фрлан песок, но од Коњари до Миладиновци состојбата повторно е алармантна. Патот е подмрзнат, камиони и автомобили се лизгаат, а дел од тешките возила се принудени да застануваат на сред коловоз, што дополнително го отежнува и загрозува сообраќајот.

„Не знам дали снемале песок или нешто не функционира, но ваква негрижа ретко се гледа. Сѐ на сѐ – тешко и опасно се вози по автопат“, наведува читателката.

Таа додава дека делницата од Штип до Алакинци, која е речиси половина од автопатот, е сама по себе ризична поради силните ветришта и отворениот терен, а без навремено фрлање сол и песок, постои сериозен ризик од навеи, дополнително подмрзнување и целосно нефункционален пат сѐ додека снегот природно не се стопи.

пред патарина Миладиновци.

„За останатите патишта низ земјава не сакам ни да помислам каква е состојбата“, вели таа, со иронија додавајќи:
„Но, што би рекол премиерот – ајде да зборуваме за убави работи.“

Сообраќајот на останатите државни патишта не е ништо подобар.

Како што соопштија утрово ЈП Македонијапат и АМСМ сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози. Снег паѓа и во западниот дел од државата и има забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, крак Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан.

Ј. Ѓ.

Tags: автопатМиладиновци-Штопснег
Next Post

Тошковски: Рекордни резултати на МВР - 66-кратно поголема откриена штета од корупција и најниско ниво на криминал во последните 20 години

Најново

Звукот на привикнувањето

May 4, 2026

Мицкоски ги повика граѓаните да летуваат дома поради гужвите кон ЕУ

May 4, 2026

Јубилеен 25. ОФФест: Богат музички свет со фокус на Африка во првата недела од јуни

May 4, 2026

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

May 4, 2026

Која е Силвија Салис – поранешната олимпијка и актуелна градоначалничка на Џенова која би можела да ја сруши Мелони

May 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk