ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ја сведе политиката на таблоид – нема решенија за граѓаните, има само дефокус

January 21, 2026 12:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција остро ја критикуваше Владата и премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги дека свесно ја претвораат политиката во таблоид со цел да ги прикријат сериозните економски и институционални проблеми во државата.

„Премиерот Мицкоски политиката во земјата ја сведе на ниво на таблоид. Наместо решенија и одговори за проблемите со кои граѓаните се соочуваат, сведоци сме на празни изјави на ниво на жолт печат, без суштина и без реална политика“, изјави Филипче.

Тој оцени дека станува збор за свесна стратегија на власта за дефокус од реалната состојба во земјата.

„Ова не е политика, туку дефокус. Дефокус од катастрофалната состојба во земјата, од реалноста и од проблемите. Тоа е примарна цел на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“, рече Филипче.

Според него, додека зад грбот на граѓаните се реализираат, како што рече, криминални тендери, во јавноста намерно се пласираат измислени афери и црни кампањи против опозицијата.

„Додека течат криминални тендери, на народот му се сервираат измислени афери, црни кампањи и јавен линч врз опозицијата“, нагласи претседателот на СДСМ.

Како последен пример, Филипче ја посочи, според него, координираната кампања во дел од медиумите.

„Сите да се занимаваат со лажните вести на Алфа ТВ и црната кампања на ВМРО против мене, со Жан Митрев, додека се увезуваат 10.000 ‘економски работници’“, рече тој.

Филипче потсети дека СДСМ уште во декември предупредила дека постои сериозна дупка во буџетот.

„СДСМ уште во декември најави дека во државата нема пари. Владата тоа го потврди со ново задолжување од една милијарда евра преку еврообврзница. Сега треба да се пополни дупка од две милијарди евра“, изјави Филипче.

Тој додаде дека, според информации објавени од британски медиуми, кредитите од шест милијарди евра се дел од договор за покривање на буџетските празнини.

„Пред нос ни носат 10.000 ‘економски работници’, додека на граѓаните им се сервираат измислици. Така функционира оваа власт“, рече Филипче.

Според него, Владата нема одговор за низа клучни прашања.

„Нема одговор за дупката од две милијарди евра, нема одговор за минимална плата од 600 евра, нема одговор за катастрофата во економијата. Стандардот на граѓаните опаѓа секој ден, а власта не презема ништо“, нагласи тој.

Филипче посочи дека истата тактика се користи и за прикривање на, како што рече, криминалните тендери.

„Ќе објават една лажна вест за зграда во Дубаи, а во позадина ќе протуркаат декрет во Собранието. Ќе објавуваат нови измислици, а под маса ќе си делат тендери – 161 тендер за една фирма, 51 тендер преку општините, 1,2 милиони евра преку пошта, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени“, изјави Филипче.

Тој најави дека СДСМ ќе продолжи со објавување на информации за овие случаи.

„Во следните денови следат нови бомби. Нашиот АКТ тим работи врз основа на информации кои се аплицираат на антикорупциската платформа. Огромен број од тие информации доаѓаат од членови на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче, додавајќи дека досега ниту една институција не реагирала.

На крајот, Филипче порача дека граѓаните треба да бидат свесни за, како што рече, моделот на дефокус.

„Секогаш кога ќе излезе некоја фабрикувана афера, тоа е дефокус. Секогаш кога ќе прочитате текст од кујните на ВМРО, знајте дека зад вашиот грб се случува уште една пљачка“, изјави тој.

Филипче истакна дека СДСМ ќе продолжи со борбата против криминалот и корупцијата.

„Не ни треба еден лидер, ни треба систем. Ни треба Европа“, порача претседателот на СДСМ.

Tags: МицкоскиФилипче
Next Post
Илон Маск и директорот на Ryanair во визуелен „фронтален“ судир, со авион на Ryanair во позадина.

Рајанер против Маск: Кога регулативата, егото и маркетингот се судираат

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk