ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во шенген зоната

January 21, 2026 13:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јас и Владата го разбираме револтот на транспортерите и протестот кој ќе го направат превозниците од понеделник, не само од Македонија туку од цел регион од Западен Балкан поради новите правила за електронска евиденција во земјите од шенген зоната. Новите правила и штетат на домашната економија, драстично ќе ја намалат работата на транспортерите, а на удар директно ќе биде транспортниот сектор и челичната индустрија, одговори вицепремиерот Александар Николоски на пратеничко прашање на собраниската седница, соопштуваат од Министерството за транспорт.

Тој истакна дека Владата веќе една година разговара со претставници на Европската Комисија за надминување на овој сериозен проблем, но ЕУ заесега нема слух за надминување на проблемот, не само за Македонија туку и за целиот Западен Балкан.

„Повеќе од една година разговараме со ЕУ, но слабо се разбираме и не наидуваме на разбирање. Последно разговарав во декември во Брисел со еврокомесарот за транспорт Цицикостас и со генералната директорка за мобилнoст и транспорт при Европската Комисија, Магда Копцинска, при што се обидов најпластично да им пренесам дека ова што го прават ќе значи смрт за економијата во регионот и ќе значи затворање на бројни странски инвестиции во регионот, а кои доаѓаат од земји членки на ЕУ. Намерно користам регионот, бидејќи се однесува за цел Западен Балкан и не се однесува само за Македонија. Формалниот одговор кој го даде портпаролот на ЕК за кој не се слагам е дека нема разлика меѓу она што до сега биле правила и новите правила, затоа што според него еден патник може да остане 90 дена во рамки на 180 дена во шенген зоните останува и сега. Формално тоа е точно, но практично не е точно, од причина што превозниците не се туристи, не одат за туризам, ниту се луѓе кои одат на посета, туку се луѓе кои што работат. Истите не можат да извадат работни визи бидејќи немаат работодавач во конкретна земја членка на ЕУ, а најчесто проблемот е тоа што само транзитираат” истакна вицепремиерот.

Тој додаде дека во континуитет одржува средби со бизнис коморите, со транспортните асоцијации и странските инвеститори со цел заедничи да се изнајдат најсоодветни решенија и да апелира до ЕУ за промена на правилата. Владата го задолжила и Министерството за надворешни работи да се обрати до ЕУ за одложување на новите правила за влез.

„Проблемот е подлабок. Ова ќе влијае врз извозните компании. Теротески да го уништиме транспортниот сектор и бизнис во Македонија, не само што директно ќе влијаеме врз транспортот, мислам дека ни ЕУ не се свесни со каков проблем се соочуваме. Имаме уште два проблеми, а тоа е со карго сертификатите и вториот е со квотите со извоз на челик. Не може регионот од Западен Блакан да се третира како трети земји, не може за извоз на челик да сме во иста квота со Кина. Квотите кои сега ќе ги постави ЕУ на кои сериозно работат, веројатно од Кина и Индија ќе ги исполнат во првите два месеци од годината. После тоа ќе има 50 % царина и практично ќе значи нема да има увоз на челик во ЕУ затоа што е неконкурентен и тоа значи дека челичната индустрија ќе колабира. Фени се затвори, со вакви линерани политики на ЕУ можеме да заклучиме само што ќе се случува со големи производители на челик од земјава”- додаде вицепремиерот Николоски.

Најави дека Владата сериозно ќе работи на надминување на овој предизвик со цел стабилизација на транспортниот сектор во земјава и регионот.

Tags: ЕУНиколоскиправилапревознициШенген
Next Post
Фото: Фронтлајн

Филипче за Законот за прекршоци: Ние сме конструктивна опозиција – не сме контролирана опозиција

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk