Во целиот свет 484,747 лица целосно оздравеле од корона вирусот, а од кога се појави вирусот, вкупниот број на заразени лица од Ковид-19, денеска надмина два милиони.
После Кина државата каде се појави првиот случај и веќе таму се проценува како надмината ситуација, првата следна држава со најголем број излечени од корона вирусот е Германија со 72,600 оздравени пациенти. Во оваа земја бројот на излечени е дури поголем од активините случаи кои се вкупно 56,115, вклучувајќи ги последните податоци на worldometers до 09:00 часот утринава. Германија со овие податоци е меѓу земјите кои забележуваат позитивен исход во борбата со светската пандемија.
Во Шпанија земјата која од вчера укина голем дел од забраните бројот на оздравени е 67,504 а блиску е да се израмни со бројот на активните случаи на заразени кои во оваа држава моментално е 88,301. Алармантно ситуацијата сѐ уште останува во САД каде досега се заразиле над половина милион лица, или точно 614,246, оздравиле 38,820, а активни случаи сѐ уште се 549,362 пациенти. Во САД од корона вирусот починале до утринава 26,064. Бројот на заразени во САД е поголем од вкупниот број на заразени во Италија, Шпанија, Франција и Германија заедно.
А. Зеќири