ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Митева: Усвоена е Програмата за работа на Владата за 2026 година, која јасно ги дефинира приоритетите и визијата за развојот на државата

February 3, 2026 17:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната седница ја усвои Програмата за работа на Владата за 2026 година, информираше портпаролката на Владата, Марија Митева, на прес-конференција, нагласувајќи дека станува збор за „стратешки, сеопфатен и реформски документ“ кој ги дефинира приоритетите и визијата за развојот на државата.

„Владата ја усвои Програмата за работа на Владата за 2026 година која претставува стратешки, сеопфатен и реформски документ од над 400 страници, кој јасно ги дефинира приоритетите, динамиката и визијата за развојот на државата во наредниот период“, изјави Митева.

Таа посочи дека програмата е структурирана по области кои ги опфаќаат надлежностите и на законодавната и на извршната власт и претставува, како што рече, „јасна мапа за реформите што следуваат“.

„Овие реформи директно ќе влијаат врз квалитетот на животот на граѓаните, функционалноста на институциите, но и на европската перспектива на државата“, нагласи портпаролката.

Фокус на здравството и образованието

Во делот што се однесува на законодавната надлежност на Собранието, Митева истакна дека фокусот е ставен на секторите здравство и образование.

„Предвидени се нови, современи и системски закони кои го уредуваат високото и средното образование, научно-истражувачката дејност и педагошката служба, како и унапредување на статусот и професионалниот развој на наставниот кадар“, рече таа, додавајќи дека решенијата се насочени кон квалитет, достапност и одржливост на образовниот систем.

Дигитална трансформација и даночна реформа

Митева нагласи дека Владата силно ја турка дигиталната трансформација, меѓу другото и преку носење нов Закон за електронска фактура.

„Со овој закон дигитализацијата на даночните процедури станува клучен столб на даночната реформа, со што ќе обезбедиме повеќе ефикасност, повеќе транспарентност и помал административен товар за граѓаните и компаниите“, изјави таа.

Реформи во правосудството и јавната администрација

Реформата на правосудството, според Митева, останува висок приоритет, при што се предвидуваат измени на Изборниот законик.

„Целосно ќе бидат инкорпорирани препораките од меѓународните мисии, како јасен сигнал за посветеноста кон демократските стандарди, фер избори и владеење на правото“, рече таа.

Како особено значаен сегмент ја истакна реформата на јавната администрација.

„Предвидени се системски закони за висока раководна служба, унапредување на квалитетот во јавниот сектор и за првпат воспоставување на единствен систем на плати во јавниот сектор“, изјави Митева, додавајќи дека ова решение носи „правичност, транспарентност и усогласеност со Реформската агенда, конкретно со чекор 18“.

Вработување, економија и туризам

Во вториот дел од Програмата, кој се однесува на актите и материјалите што ги усвојува Владата, предвидени се програми насочени кон подобрување на животниот стандард во повеќе области.

„За 2026 година е планиран Оперативен план за активни мерки за вработување, усогласен со реалните потреби на пазарот на трудот“, истакна Митева.

Таа најави и национално брендирање на туризмот, економијата и државата.

„Ова е силна можност Македонија стратешки да се позиционира како атрактивна туристичка дестинација и стабилна, отворена економија со сериозен инвестиционен потенцијал“, рече портпаролката.

Здравство и дигитални вештини

Во здравствениот сектор, Митева информираше дека се подготвува Стратегија за млади лекари 2026–2030.

„Целта е задржување, мотивирање и професионален развој на медицинскиот кадар, преку системска поддршка, менторство и континуирана едукација“, изјави таа.

Дополнително, најави дека за првпат ќе се воспостави Центар за дигитални вештини во јавната администрација.

„Дигитализацијата не е проект, туку долгорочен процес. Програмите ќе бидат наменети за сите структури – од раководни кадри и носители на одлуки до целокупниот административен кадар“, нагласи Митева.

На крајот од прес-конференцијата, портпаролката истакна дека Програмата е јасен план со визија, рокови и одговорности.

„Таа ја отсликува политичката волја на Владата за реформи, стабилност и европска иднина и претставува основа за година во која ќе испорачуваме резултати“, изјави Митева, додавајќи дека по завршување на владините процедури, Програмата ќе биде објавена на веб-страницата на Владата.

Tags: ВладаМарија Митевапрограма 2026
Next Post

Поскапувањето на билетите ја претвора културата во луксуз, реагира Комисијата за култура на СДСМ

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk