ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Поскапувањето на билетите ја претвора културата во луксуз, реагира Комисијата за култура на СДСМ

February 3, 2026 17:33
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за култура на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) реагира на одлуката за поскапување на билетите за културните настани во националните установи, оценувајќи дека таа покажува отсуство на визија и чувство за улогата на културата во општеството.

„Поскапувањето на билетите за културните настани во националните установи е уште еден доказ дека оваа власт нема ниту чувство, ниту визија што значи културата за граѓаните“, се наведува во соопштението на Комисијата за култура на СДСМ.

Од Комисијата посочуваат дека културата не смее да се третира како пазарна стока или бизнис-проект, бидејќи станува збор за јавен интерес кој веќе се финансира со пари од државниот буџет.
„Претставите, оперите, концертите и балетите се субвенционирани од Буџетот, што значи дека приходите од билетите се дополнителни средства, а не услов за опстанок на институциите“, нагласуваат од СДСМ.

Особено критички се осврнуваат на изјавата на министерот за култура Зоран Љутков, дека доколку има полни сали и се чека со месеци за билет, цените се достапни за сите.
„Ова е цинична, социјално нечувствителна и опасна логика. Според таа логика, ако нешто е посетено, треба да стане луксуз“, се вели во соопштението, додавајќи дека наместо „култура за сите“, се добива култура достапна само за оние кои можат да платат повеќе.

Комисијата за култура на СДСМ наведува неколку факти за финансирањето на културните настани:
една претстава чини стотици илјади денари и е целосно покриена од Министерството за култура, приходите од билетите и со досегашните цени значат сериозен приход за установите, расходите по изведба се минимални, а со неколку изведби институциите ја надоместуваат вредноста на продукцијата.

„Кој пие, а кој плаќа? Зошто граѓаните повторно да плаќаат за нешто што веќе го финансирале преку буџетот?“, прашуваат од СДСМ.

Во соопштението се посочува дека во услови на ниски плати и сиромаштија, културниот настан често е единствениот простор за достоинство, социјален живот и духовно олеснување.
„Со оваа одлука, Владата ја претвора културата во Версај – затворена, елитистичка и недостапна“, оценуваат од Комисијата за култура.

Како позитивен пример се наведуваат европски земји, меѓу кои и Бугарија, каде постои модел на државна поддршка по продаден билет, со цел да се задржат ниски цени и полни сали.
„Кај нас, обратно – се казнува публиката затоа што има интерес“, се вели во реакцијата.

Комисијата за култура на СДСМ бара итно преиспитување на одлуката за поскапување на билетите, јасна и транспарентна анализа на трошоците и приходите на националните установи, како и политика на достапна култура за сите.

„Културата не смее да се мери со логика на профит. Културата е право, не привилегија“, се наведува во соопштението на Комисијата за култура на СДСМ.

Tags: билетикултурни настаниЉутков
Next Post

МЗ за мозочните примероци: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk