Угостителите, туристичките компании транспортерите како и сите компании кои претрпеле штета поради коронавирусот се ослободуваат од плаќање на износот на аконтациите за плаќање на данокот на личен доход за месеците март, април и мај. Овие компании се ослободуваат и од плаќање на износот аконтациите на данокот на добивка за истиот париод. Ова го соопшти на денешната прес конференција Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.
https://www.facebook.com/VladaMK/videos/253578829145413/
– За да го остварат ова право обврзниците за плаќање данок на добивка треба да ги исполант условите кои се однсуваат на тоа да не исплаќаат дивиденда на сопствениците и награда за деловна успешност или друг вид на годишни награди од 15 јули 2020 и да не го намалат бројот на вработени и други вработени од 26 март во период од три месеци по престанување на важноста, освен смрт, отказ од страна на работникот или пензија – рече Лукаревска
За другите компании кои се погодени од кризата дополнително треба да исполнуваат еден од трите дополнителни услови и тоа:
- Да имаат намалени приходи за време на месецот да се намалени за најмалку 40 отсто во однос на февруари 2020 година,
- бројот на вработени кои не работат заради мерките да е најмалку 25 отсто во однос на вкупниот од февруари 2020 година,
- или да имаат затворено најмалку 50 отсто од објектите во кои ја вршат дејноста.