ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Руте ја активираше „Арктичка стража“: НАТО ги затвора вратите за Русија и Кина на северот

February 12, 2026 14:41
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во Брисел изјави дека Алијансата ќе го брани секој дел од сојузничката територија и оти треба да го спречи пристапот на Русија и Кина до арктичкиот регион.

Мораме да се погрижиме да го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО, рече Руте по пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана на членките на НАТО во седиштето во Брисел.

Руте истакна дека постои долгорочна закана од Русија, но дека не треба да се биде наивен ниту во врска со Кина кога станува збор за Арктикот. Тој додаде дека вчера е покрената мисијата „Арктичка стража“ со цел да се утврдат и пополнат сите празнини што постојат во безбедноста, при што ќе биде многу важно искуството на новите членки, Шведска и Финска.

Тоа е доказ дека НАТО како целина – САД, Канада и европските сојузници – работат заедно за да осигураме одбрана на секој сантиметар од територијата на НАТО, рече Руте.

Тој нагласи дека НАТО „не е тука само за да ги штити Европа и Канада, туку и САД“, а за САД да бидат безбедни, потребен е силен и безбеден Арктик, безбедна Европа, но и безбеден Атлантик.

Со „Арктичката стража“ и со преговорите меѓу САД, Данска и Гренланд во исто време, сето тоа е важно за да ги спречиме Русија и Кина да добијат пристап и да го одбраниме целиот регион, рече генералниот секретар на НАТО.

Одговарајќи на новинарско прашање, Руте рече дека новиот фокус на Арктикот нема да го одвлече вниманието од источното крило на НАТО, додавајќи дека НАТО е толку силен што може да го прави и едното и другото, и дека операциите „Источна стража“ и „Балтичка стража“ за одбрана на подводните кабли и инфраструктурата и понатаму се важни.

Руте повтори дека на денешниот состанок ќе се разгледа како се спроведуваат одлуките донесени на самитот на НАТО во Хаг минатата година, а кои се однесуваат на зголемување на трошоците за одбрана, зајакнување на индустриското производство во секторот на одбраната и продолжување на поддршката за Украина.

– Мораме да осигураме дека индустриската база го произведува она што ни е потребно за да можеме да се одбраниме. Канада и Европа веќе ги зголемија трошоците за одбрана за повеќе милијарди евра, рече Руте.

На денешниот состанок, наместо американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, ќе учествува неговиот заменик Елбриџ Колби, со што ова е втор министерски состанок на кој Вашингтон не испраќа министри.

Руте, одговарајќи на прашања на новинарите, рече дека САД „вршат притисок врз Русија“, исто како и Европјаните, преку пакетите санкции, дека испорачуваат клучна противвоздушна одбрана за Украина, ги предводат мировните напори и „го прават токму она што ни е потребно“ во однос на Украина.

Денеска ќе се одржи и неформален состанок на Советот НАТО-Украина, на кој ќе учествуваат украинскиот министер за одбрана Михаил Федоров и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

По завршната конференција на генералниот секретар на НАТО, ќе следи состанок на контакт-групата за одбрана на Украина.

На агендата на денешниот министерски состанок ќе биде и подготовката за следниот самит на НАТО, кој ќе се одржи на 7 и 8 јули во Анкара.

Tags: НАТОРуте
Next Post

Како децата го развиваат чувството за правда и објективност

Најново

Фото: NASA/Jessica Meir

НАСА: Артемис II ги исполни клучните цели, следува Артемис III

April 21, 2026
Madonna i Sabrina Carpenter. Фото: Скриншот, видео Coachella 2026

На Мадона ѝ исчезнале модни парчиња по настапот со Сабрина Карпентер на фестивалот Коачела

April 21, 2026
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Договорот за крај на војната со Иран изгледаше блиску. Потоа Трамп почна да објавува на социјалните мрежи

April 21, 2026
Фото: Министерство за образование и наука

Во Скопје се одржа настан за ученици по повод Светскиот ден на креативноста и иновациите

April 21, 2026

Филипче: Ако сме трета економија во Европа зошто Владата не ги покачи платите?

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk