ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Бектеши-Галовеј: Поддршката на бизнисот за зачувување на работните места клучна за справување со корона кризата

Амбасадорката Галовеј, истакна дека веќе се разгледуваат можности за пренасочување и зголемување на поддршката која што ја дава Обединетото Кралство преку различни фондови

April 15, 2020 17:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари видео-состанок со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј на кој тема беа мерките кои што ги превзема Владата за поддршка на компаниите за справување со последиците од здравствено-економската криза предизвикана од корона вирусот, како и плановите за повторно враќање на економијата во нормала.

Како што соопшти Министерството за економија, Бектеши ја информираше британската амбасадорка за двата пакета економски мерки кои што ги донесе Владата за поддршка на најпогодените сектори, чија главна цел е да се спаси секое работно место, а предвидуваат меѓу другото државна поддршка за исплата на минимална плата од 14.500 денари за работниците и намалување за 50 проценти на трошоците за персонален данок за најпогодените компании.

– Постојано сме во комуникација со бизнис-заедницата и секојдневно работиме на мерки за олеснување на работењето на компаниите. За нас најважно е да го зачуваме секое работно место. Во директна комуникација сме и со домашните, но и со странските компании во нашата земја кои што се најголеми извозници, но имаат и најголемо учество во македонскиот БДП. Целта е да им излеземе во пресрет за полесно да се справат со последиците од оваа криза, истакна министерот Бектеши.

Тој, воедно најави дека во наредниот период ќе се одржат низа состаноци со странските инвеститори кои што работат во технолошко-развојно индустриските зони на кои што ќе им бидат претставени мерките кои што ги донесе Владата, но и ќе се земат предвид и тешкотиите со кои тие се соочуваат како резултат на корона кризата со цел да се обезбеди нивно непречено работење.

Амбасадорката Галовеј, се наведува во соопштението, истакна дека веќе се разгледуваат можности за пренасочување и зголемување на поддршката која што ја дава Обединетото Кралство преку различни фондови за Северна Македонија, пред сѐ, за зголемување на деловната активност.

Воедно, таа најавила и дека заедно со економскиот тим во Амбасадата и во Обединетото Кралство, но и со британските компании кои што работат во Северна Македонија ќе ги разгледаат сите можности кои им стојат на располагање бидејќи оваа криза ќе биде предизвик за сите, стои во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ВОА

Kривична пријава за Љубомир Фрчкоски и уште три лица, според Фрчковски пријавата е срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

Дуковски: Казната е превисока, Судот не ги ценеше во доволна мера искреното каење и личноста на сторителот

May 13, 2025

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk