Специјалниот пратеник на Светската здравствена организација за вирусот Ковид-19, Дејвид Набаро повика какви било обвинувања против организацијата да се остават на страна додека не се победи вирусот.
Претходно американскиот претседател Доналд Трамп рече дека и наредил на својата администрација привремено да го прекине финансирањето на СЗО.
– На сите им велиме: фокусирајте се на епската борба веднаш и оставете ги обвиненијата за подоцна. Доколку во текот на процесот се одлучите да престанете да го финансирате СЗО или да кажете нешто против СЗО, запаметете дека овде не станува збор само за СЗО, туку за целата заедница која моментално е вклучена во борбата, рече Набаро.
Тој додаде дека сега секој човек е медицинско лице, дека сите ја преземаат одговорноста и дека сите се вклучени.
Трамп изјави дека одлучил привремено да го прекине финансирањето на СЗО поради начинот на кој одговори на пандемијата на вирусот Ковид-19.