ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Митева: Обидот на Жерновски да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентација и дефокус од суштинските прашања

February 19, 2026 14:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролката на Владата, Марија Митева, реагираше на обвинувањата на членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, оценувајќи дека неговите тврдења за влијание врз судството се „политичка манипулација“ и обид за дефокус од, како што наведе, суштинските прашања.

Во објава на социјалните мрежи, пренесена од официјалниот сајт на ВМРО-ДПМНЕ, Митева истакна дека судската одлука за предметот на Жерновски била донесена пред речиси три месеци.

„Фактите се јасни, станува збор за решение донесено пред речиси три месеци, со кое тужбата на Жерновски е отфрлена, а барањето за надомест на штета е одбиено како неосновано. Тоа е правната реалност. Сè друго е свесна манипулација со јавноста“, наведе Митева.

Таа ги оцени обвинувањата на СДСМ како обид за конструирање „лажен скандал“, додавајќи дека нема намера да учествува, како што рече, „во игра на креирање лажни наративи“.

„Обидот да се конструира наратив за ‘скандал’ претставува класичен пример на политичка дезориентација и дефокус од суштинските прашања. Кога аргументите изостануваат, остануваат инсинуациите“, наведува Митева во реакцијата.

Портпаролката на Владата истакна дека, според неа, нападите дека Владата управува со судството се неосновани и дека институциите функционираат согласно законите.

„Нападите дека некој ‘управува’ со судовите потекнуваат од нивната долгогодишна пракса на такво практицирање, тоа време заврши“, се наведува во реакцијата.

Митева додаде дека Владата ќе продолжи да инсистира на владеење на правото, институционална одговорност и транспарентност, и ги повика политичките субјекти, како што рече, да одговорат на прашања поврзани со криминал и корупција наместо да отвораат политички конфликти.

Претходно денеска Андреј Жерновски на прес-конференција обвини дека Владата има директни информации за тековни судски процеси и оцени дека тоа претставува доказ за политичка контрола врз судството.

Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

Според Жерновски, владината портпаролка на јавна дебата изнела информации за негов судски процес против Министерството за надворешни работи, кој сè уште не бил завршен.

„Портпаролката на Владата имаше податоци за тоа каква е пресудата. Јас пресудата не ја дознав од адвокатите, не ја дознав од судот, туку ја дознав од Владата на нашата држава“, изјави Жерновски.

Tags: ЖерновскиМитевасудска одлука
Next Post

Вајц: Северна Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk