Поранешниот англиски фудбалер David Beckham ужива во скијачки одмор со 14-годишната ќерка Харпер во францускиот ски-центар Courchevel. Бекам на Инстаграм објави серија фотографии од одморот за време на училишниот распуст, нагласувајќи дека создавањето спомени со децата му е особено важно.
„Создавањето спомени со децата, без разлика дали сме сите заедно или еден на еден, отсекогаш ми било важно“, напиша Бекам. „Оваа недела Харпер и јас создадовме уште неколку спомени. Те сакам, убава дамо @harperbeckham.“
Таткото и ќерката позираа насмеани на снегот пред спуштањето по патеките со скијачки водич, а подоцна се стоплија со топло чоколадо и ручек на планина. Објавата доаѓа во период кога во британските медиуми се шпекулира за наводно нарушени односи со неговиот најстар син, 26-годишниот Бруклин.
View this post on Instagram
Помогнал на повредена скијачка
За време на одморот, Бекам притрчал во помош на жена која паднала на ски-патеката и удрила со главата. Според сведок на настанот, тој ѝ ги соблекол скиите и проверил како се чувствува сè додека не пристигнала медицинска екипа.
„Дејвид ја виде жената како удри со главата и се загрижи за неа. Ѝ ги тргна скиите и се погрижи да биде добро – беше вистински џентлмен“, изјавил извор за The Sun. „Беше неверојатно љубезен, како и скијачкиот водич што беше со него.“
Според истите информации, Бекам во моментот на инцидентот бил заедно со својата ќерка Харпер.







