ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот

February 25, 2026 11:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ обвини дека одлуката за одредување куќен притвор за Груби е дел од, како што наведуваат, „политички дил“ меѓу ВМРО и ДУИ.

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им е јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриено е секое делче од ова договорено сценарио“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа посочи дека, според СДСМ, целиот процес бил однапред договорен, почнувајќи од, како што рече, „режираната претстава на границата, со наочари и насмевка“, па сè до одредувањето на куќен притвор.

„Преку пречекот со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан, па се до одредувањето на куќен притвор од обвинителството и судството под контрола на ВМРО-ОКГ“, изјави Кузеска.

СДСМ реагира и на образложението на Обвинителството, кое, како што беше соопштено, се повикало на проценка од МВР и АНБ дека Груби „не бил безбеден“ во затворот „Шутка“, па затоа бил предложен куќен притвор.

„Вчера, Обвинителството соопшти дека МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка дека Груби ‘не бил безбеден’ во ‘Шутка’, па затоа предложиле куќен притвор“, рече Кузеска.

Таа посочи дека истиот ден директорот на затворот „Шутка“, Бобан Утковски, го демантирал Обвинителството.

„Истиот ден, излезе директорот на затворот Шутка, Бобан Утковски, го демантираше Обвинителството и рече дека ниту МВР ниту АНБ ‘не се обратиле ниту усно ниту писмено до затворот за да побараат мислење за безбедноста’. Епа како донеле одлука во Обвинителството?“, изјави Кузеска.

Според СДСМ, ваквите случувања се потврда дека „сè е договорено“.

„Има ли подобра потврда од ова тврдење дека сè е договорено и дека јавноста само се лаже и се замајува? Сè е јасно“, рече таа.

Кузеска ги наведе и имињата на обвинителите кои постапуваат во предметот.

„Кои обвинители постапуваа во предметот и кој го предложи куќниот притвор за Груби? Предметен обвинител е Даниел Коцев, а негов шеф на Скопското Обвинителство е Анел Фидоски, кој беше избран на оваа функција на 20 јануари 2026 година“, изјави Кузеска.

Од СДСМ порачаа дека, како што наведуваат, „ваквите сценарија повеќе не поминуваат“.

„Можеби ваквите сценарија им поминуваа со години наназад, но повеќе не поминуваат – разоткриени се. Граѓаните гледаат и знаат сè. Одговорност ќе има!“, изјави Кузеска.

Next Post

Герасимовски: Салата Работнички ќе го носи името на легендарниот Лазар Лечиќ

Shortcut

Најново

Тренчевска: Со ВМРО, Македонија е само лидер по сиромаштија, криминал и изолација

June 3, 2026
Фото: ВЛЕН

ВЛЕН: Албанскиот ансамбл се комплетира со 45 решенија за вработување

June 3, 2026
Скриншот

Администрацијата на Трамп се закани со воведување дополнителни царини кон 60 земји вклучувајќи ја и ЕУ

June 3, 2026

Почнува јубилејното 25-то издание на ОФФест

June 3, 2026
Фото: Влада

Кошта: Уставните измени единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори на земјава со ЕУ

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk