ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сугарески на ФБ: Лесно е да се критикува „ради-реда”, без да се носи никаква одговорност

April 15, 2020 21:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

На дежурните сеирџии чија омилена дисциплина им е голото политиканство, кои сега лажно обвинуваат дека Владата ја злоупотребува вонредната состојба, ја користам приликата да им порачам.

Во секое демократско општество дебатата е здрава и служи како коректив за процесите. Арно ама, да зборуваме со факти, а не со претпоставки.

Лесно е да се седи на страна, и да се критикува „ради реда”, без да се носи никаква одговорност!

Прво, вонредната состојба не е донесена како една од повеќето опции кои беа на располагање, туку како единствена можна опција заради претходно закажаните избори. Тоа значи дека нашата земја е во состојба на борба со „виша сила”, и токму затоа вонредната состојба е неопходна.

Второ, „техничкиот” карактер на извршната власт ја вклучува и опозицијата со раководен кадар со сериозни овластувања, што по автоматизам значи дека секоја владина одлука поминува низ ситото на различни диоптрии и споделена одговорност.

Трето, Уредбите со законска сила прво поминуваат меѓуресорска координација, па го поминуваат филтерот на Секретаријатот за законодавство, па дури потоа поминуваат на владините седници. А што се однесува до етичкиот агол на вонредната состојба, како министер најодговорно тврдам дека никому од нас не му е ниту лесно, ниту едноставно што како држава сме соочени со вакви тешки предизвици.

Да Ве потсетам дека пред 30 дена бевме принудени за првпат во нашата историја да воведеме вонредна состојба. Претходно такво искуство нашата земја нема! Тешко ни е на сите, без разлика на вера, етникум или политичко уверување, ама стискаме заби и се бориме како знаеме и умееме.

Разбирам да се критикува, свесен сум дека политиката не е омилена професија кај пошироката јавност и затоа нека се гледа сè низ најстрогото око на јавноста, ама дајте малку реалност.

Ние политичарите не сме роботи, туку сме и нечии деца и нечии родители, луѓе од крв и месо кои имаат чувства и точно знаат каква одговорност носат. Да се напаѓа дека се злоупотребува кризата и отсуството на законодавната власт и дека наводно кај некој постои таква умисла, е претерување без мерка!

Фејсбук пост на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ВОА

Kривична пријава за Љубомир Фрчкоски и уште три лица, според Фрчковски пријавата е срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

Дуковски: Казната е превисока, Судот не ги ценеше во доволна мера искреното каење и личноста на сторителот

May 13, 2025

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk