ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Комисијата за култура на СДСМ: Љутков – многу сликање, резултати нула

До каде е театарот во Куманово, зошто Прилеп нема нов театар и што се случува со Скопскиот Аквадукт?

March 1, 2026 17:26
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за култура на СДСМ објави реакција во која го критикува министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, обвинувајќи го за „маркетинг без резултати“.

„Министерот за култура и туризам повторно снима видеа. Но граѓаните не бараат видеа, туку резултати. Наместо маркетинг, потребни се одговори“, наведуваат од Комисијата.

Во реакцијата како прво прашање го посочуваат Скопскиот Аквадукт, за кој велат дека останува „симбол на негрижата“.

„Пред изборите се сликаа кај Скопскиот аквадукт и ветуваа дека ќе ги решат имотноправните проблеми. Помина време, што е решено?“, прашуваат од Комисијата.

Тие дополнуваат: „Ако навистина има имотноправни пречки, зошто не се поведе постапка за експропријација? Зошто државата не покаже волја да го заштити и да го развие овој уникатен споменик?“

Во соопштението се прави споредба со Кривата кула во Пиза

„Во Пиза милиони туристи годишно доаѓаат заради Кривата кула во Пиза. Не затоа што е совршена, туку затоа што државата знаела да ја заштити, да ја промовира и да ѝ создаде приказна. Скопје има редок и вреден архитектонски бисер. Но наместо стратегија, гледаме застој“, стои во реакцијата.

Комисијата прашува „до каде е постапката и кога аквадуктот ќе стане вистински туристички центар на Скопје“.

Во вториот дел од соопштението се осврнуваат на реконструкцијата на театарот во Куманово.

„Реконструкцијата на театарот во Куманово трае веќе четири години. Проектот е изработен во време на СДСМ. Обезбедени се околу 2,2 милиона евра. Рокот за завршување е во средината на 2027 година“, наведуваат од Комисијата.

Тие додаваат дека „парите, според информациите, се обезбедени“ и дека „исплатите треба да одат согласно со изведбата“, поставувајќи ги прашањата: „Ќе се почитува ли рокот? Ќе се работи ли со динамика што одговара на потребите на кумановци?“

„Културата не смее да биде заложник на административна бавност и политичко калкулирање“, стои во соопштението.

Комисијата се осврнува и на најавите за нов театар во Прилеп, градот на театарскиот фестивал Војдан Чернодрински.

„Пред една година гласно се ветуваше нов театар во Прилеп. Денес гледаме повлекување. Наместо нов објект, се зборува за реконструкција на постојниот“, наведуваат од Комисијата.

Тие прашуваат: „Зарем Прилеп, град херој, град на театарот и фестивалот што го носи името на великанот Војдан Чернодрински не заслужува современа театарска зграда со која ќе се гордеат прилепчани?“

Во соопштението се наведува дека градот треба да има „две функционални сали – една нова, современа, репрезентативна и една адаптирана, наменета за детски, училишни и алтернативни претстави“, оценувајќи дека „тоа не е луксуз, туку стратегија за културен развој“.

Комисијата за култура бара од Министерството да одговори „до каде е решавањето на имотноправните односи за Скопскиот аквадукт“, „ќе се запази ли рокот за реконструкција на театарот во Куманово“ и „зошто се повлекува ветувањето за нов театар во Прилеп“.

„Културната политика не се води со видеа на социјални мрежи. Се води со визија, рокови, реализација и почит кон културното наследство. Граѓаните заслужуваат отчет, а не маркетинг“, стои на крајот од реакцијата.

Tags: ВетувањакултураКумановоЉутковПрилепСкопје
Next Post

Филипче ја спореди власта со режимот на Иран – ВМРО-ДПМНЕ праша: Дали Заев е „Ајатолахот“?

Shortcut

Најново

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

June 4, 2026

ОФИЦИЈАЛНО: Андони Ираола е нов главен тренер на Ливерпул

June 4, 2026
Фото: Википедија

Калајџиев за случајот „Мазут“: Не е јасно каде е криминалот, а никој не прашува кој ќе одговара за штетата врз осомничените

June 4, 2026

АСОМ нуди европски модел за регулација наместо закон за затворање на легалната индустрија

June 4, 2026

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk