ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче ја спореди власта со режимот на Иран – ВМРО-ДПМНЕ праша: Дали Заев е „Ајатолахот“?

March 1, 2026 17:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја обвини актуелната власт дека покажува карактеристики слични на авторитарните режими во Иран и Венецуела, наведувајќи дека државата се турка кон изолација, со партизирано правосудство и системска корупција. Филипче порача дека САД, како стратешки партнер, „треба да знаат“ со каква власт имаат работа во Македонија.

На овие тврдења остро реагираше ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ги како манипулативни и бесцелни, и прашувајќи дали, според логиката на Филипче, поранешниот премиер Зоран Заев треба да се смета за „Ајатолах“. Од партијата обвинија дека СДСМ нема визија и дека изјавите претставуваат политички театар, а не конструктивна критика.

Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Во одговор на новинарско прашање за нападите на САД врз Иран, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и дека откако ги исрпија сите механизми за преговори настапија кон еден таков напад, за доброто на народот во Иран, додавајќи дека очекува деескалација на ситуацијата.

„Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и тие, откако ги исцрпија сите дипломатски механизми на преговори, настапија кон таков еден напад кон Иран и сметам дека таквиот напад и сè што се прави е во истиот контекст како што беше направена интервенцијата во Венецуела, а тоа е за доброто на иранскиот народ, како што беше и за доброто на народот во Венецуела“ рече Филипче.

САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела, додаде тој.

„Меѓутоа, добро е да се каже дека Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер, треба да знаат дека овде во нашава земја има власт со многу слични карактеристики на тие авторитарни режими со кои тие се справуваат“, нагласи Филипче.

Тој посочи дека актуелната власт ја турка државата во изолација, иако европската интеграција е стратешки интерес и за Македонија и за САД и за целиот регион. Дополнителна загриженост предизвикуваат контактите со структури блиски до рускиот претседател Владимир Путин.

„Внимавајте, вториот човек на Владата не ги крие контактите со Ноќните волци, луѓе блиски до рускиот претседател Путин. Целосна е тотална партизација на правосудството. Премиерот именува, назначува, елиминира обвинители на телевизија. Очигледно е влијанието и партизирањето на судството“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ потсети и на случајот со враќањето на Артан Груби, оценувајќи дека такви политички договори во кои судството и обвинителството се послушници не носат добро за државата. Тој нагласи дека премиерот дури и јавно најавувал дека ќе го пречека на граница, а истовремено институциите замижуваат пред сериозни безбедносни прашања, вклучително и трансферот на пет тони дрога преку граница, што, како што рече, не може да се случи без знаење на власта.

Филипче истакна дека власта ја гуши слободата на говор преку контрола и влијание врз медиуми, ширење дезинформации и носење резолуции со кои се ограничува просторот за опозицијата во парламентот.

Тој предупреди и на системската корупција, со стотици тендери доделени на фирми блиски до врвот на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека станува збор за „терминално неспособен премиер и терминално неспособна влада“ без визија и капацитет да ја водат државата.

Во однос на Советот за безбедност, Филипче рече дека е добро е да се разговара но претседателката на државата мора да води сметка за состојбата во Армијата и појавата на шуга. „Меѓу другото, добро е претседателката да ја покрене и темата зошто, како врховен командант на Армијата, има шуга по касарните.“ рече Филипче.

Одговор стигна од ВМРИ-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче вели Македонија е како Иран, дали Заев е „Ајатолахот“?

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на изјавите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за, како што велат, „манипулативни и бесцелни“ настапи.

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

„Ако Филипче вели Македонија е како Иран, дали со оглед на тоа што СДС беше на власт 7 години, а во влада скоро 9 со техничката, ова значи дека Заев е Ајатолахот, а Филипче неговиот прв проповедник?“, прашуваат од партијата.

Во соопштението се наведува дека изјавите на Филипче „покажуваат дека не е присутен во реалноста“.

„Загрижувачки е кога гледаме ваква опозиција потоната во свој микро свет каде сите се лоши само тие се добри. Кој мисли дека му верува на Филипче кога кажува дека Македонија е како Иран и Венецуела?“, стои во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат „која беше целта на пресот на Венко Филипче и што е тоа што ново го кажа?“

„Очигледно денес портпаролката Кузеска има слободен ден, па нејзиниот претседател Венко Филипче излезе да го каже истото што го повторуваат како грамафонска плоча. Бесцелни, досадни и манипулативни“, се наведува во соопштението.

Во реакцијата се додава дека кога Филипче зборува за економија, треба да се потсети на периодот кога бил министер во Владата предводена од Zoran Zaev.

„Кога Филипче зборува за економија, добро е да се потсети дека е претставник на владата каде тој беше министер а Заев премиер, каде 500 илјади луѓе живееја со само 150 денари на ден, и влада која најави и ги чекаше Фејсбук и Гугл како единствени инвестиции кои никогаш не дојдоа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата го споменува и Специјалното јавно обвинителство.

„Што се однесува до човековите права и споредбите со Иран, Ајатолахот, а и Филипче беа дел од една иста влада која спроведе најбрутална политичка пресметка и политички прогон преку инструментите на СЈО. Тоа СЈО прерасна во огромна кражба и рекет машинерија од која Филипче историски и политички треба да се срами“, се наведува во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека „СДС на чело со Филипче нема визија ниту за сопствената партија ниту за државата, токму затоа се на политичкото дно“.

„На Македонија и е потребна одговорна и конструктивна опозиција, а не политички театар. Во Македонија право и правда мора да има а институциите да профункционираат. Секој што го прекршил законот мора да одговара“, стои на крајот од соопштението.

Ј. Ѓ.

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕИранСДСМФилипче
Next Post
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Нов бран напади: Иранска ракета го погодила Ерусалим – најмалку шест повредени

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk