Продолжува новиот ирански напад врз Израел. Истрели во неколку бранови активираа обемни зони за предупредување низ целата земја, пренесуваат израелските медиуми. Една од ракетите погодила Ерусалим.
Воздушна тревога беше прогласена од северот до југот на Израел.
Ракета го погодила Ерусалим – најмалку шест повредени
Во новиот бран напади, иранска ракета го погодила Ерусалим. Според информациите, погоден е западниот дел од градот.
BREAKING:
An Iranian ballistic missile directly struck struck Negev, southern Israel. pic.twitter.com/JB5IcqTRtw
— Current Report (@Currentreport1) March 1, 2026
Шест лица се повредени во ударот на ирански балистички проектил во подрачјето на Ерусалим, соопштија медицинските служби.
Службата „Маген Давид Адом“ информираше дека згрижува маж во педесеттите години кој се здобил со умерени повреди, како и уште пет лица со полесни повреди.
Снимките покажуваат дека ударот на проектилот оставил голем кратер на патот и оштетил автомобил.
Силни експлозии над западен Ерусалим
Непосредно пред ударот се огласиле сирени за воздушна опасност, а над западниот дел на Ерусалим се слушнала серија силни експлозии, откако израелската војска соопштила дека детектирала проектили лансирани од Иран кон територијата на Израел.
„Пред кратко време идентификувавме проектили лансирани од Иран кон територијата на Државата Израел“, се наведува во соопштението на израелската војска.
„Одбранбените системи дејствуваат со цел да ја пресретнат заканата“, соопшти војската, повикувајќи ги граѓаните да останат во засолништа.







