Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, утре (3 март 2026 година) ќе ја посети Армијата на Република Северна Македонија во касарната „Илинден“ во Скопје, соопшти Генералштабот на Армијата.
Според најавената програма, за време на посетата предвидено е обраќање на Руте, по што ќе следува презентација на лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) и обиколка на дел од опремата што е во состав на оваа единица.
На настанот ќе присуствуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата и претставници од Министерството за одбрана.







