Мелиса Мекарти со својот сопруг Бен Фалкон и оскаровката Октавија Спенсер започнаа иницијатива со која сакаат да им помогнат на здравствените работници кои деноноќно се борат со корона вирусот.
Со оглед на тоа дека жариштето на заразата сега е во САД, со над 25.000 починати, здравствениот систем на Америка тешко го поднесува зголемениот број инфицирани и секоја помош е добредојдена.
Иницијативата на Мекарти и Спенсер е соработка со организација наречена Frontline Foods, која донира пари на рестораните кои им доставуваат храна на здравствените работници.
Преку 500 волонтери постојано разнесуваат храна до болниците и буквално секој цент кој пристигнува оди за оброци.
Извор: Today