Предизвикот All In, нов добротворен обид за снабдување со храна на оние на кои немаат, им нуди на донаторите шанса да бидат дел од снимањето на следниот филм во кој глумат Роберт де Ниро и Леонардо ди Каприо, а е во режија на Мартин Скорсезе.
Двајцата актери преку видео обраќање ги охрабрија оние кои се во можност да донираат, да го сторат тоа.
„Ако некогаш сте сакале да знаете како е да се работи со големиот Мартин Скорсезе, сега имате шанса да видите“ – вели ди Каприо.
Де Ниро пак додаде дека освен што некој ќе има шанса да присуствува на снимањето на следниот филм, добитникот ќе може да присуствува и на премиерата на филмот.
Освен можноста да се биде дел од холивудски филмски сет со врвни имиња, сите оние кои ќе донираат на All In Challenge, ќе имаат шанса да добијат неколку лекции од Алекс Родригез за удирање со бејзбол палка или да посетат натпревар на Лејкерс во друштво на Меџик Џонсон.
Извор: Today