ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Срамна изјава на Мицкоски – ги нарече хистерични работниците кои бараат 600 евра плата

March 12, 2026 08:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Срамна и безобразна е изјавата на Мицкоски кој граѓаните и работниците кои едвај врзвуваат крај со крај ги нарече хистерични“, реагира СДСМ по изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со барањата за повисоки плати.

Од партијата велат дека повеќе од 200.000 работнички семејства во земјата живеат тешко, а наместо разбирање, како што наведуваат, добиваат навреди.

„Над 200.000 работнички семејства живеат тешко, а Мицкоски ги прави хистерични“, се вели во реакцијата.

Според СДСМ, барањето за плата од 600 евра не е „хистерија“, туку, како што наведуваат, борба за достоинствен живот.

„Не е хистерија да се бара достоинствена плата, тоа е борба за достоинствен живот, да можат граѓаните да обезбедат пристојна живејачка, леб на масата, храна во фрижидерот, да можат да платат сметки и да школуваат свои деца“, наведуваат од партијата.

Во реакцијата се додава дека во услови на поскапување на горивата, се очекува и нов раст на цените на храната и другите производи, што дополнително го отежнува животот на граѓаните.

„Сега, кога поскапе горивото, се очекува и зголемување на цените на храната и останатите производи. А тој дрско се однесува кон работниците и вели дека утре ќе барале 800 евра. Поради поскапувањата и тие ќе бидат малку“, се наведува во реакцијата.

СДСМ во соопштението додава дека според нив, барањето за повисоки плати е прашање на основна економска сигурност, а не политичка реторика.

„Не е хистерија 600 евра плата Мицкоски, тоа е борба за живот. Авион од 100 милиони евра, мерцедеси од 650.000, очила и часовници од над 60.000 евра – тоа е хистерија“, стои во реакцијата на СДСМ.

Next Post
Фото: Скриншот

Војната со Иран се префрла на море: Шест бродови погодени во Персискиот Залив - расте ризикот за светската нафта

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk