ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Првата порака на новиот ирански лидер Моџтаба Хамнеи отвори големо прашање: Кој навистина ја води земјата?

March 12, 2026 22:34
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Светот сè уште не го видел ниту го слушнал новиот врховен лидер на Иран. Четири дена по неговото назначување, Моџтаба Хамнеи испрати само писмена порака прочитана на државната телевизија – без видео, без аудио и без директно појавување во јавност.

Според анализа на CNN, пораката што беше прочитана на иранската државна телевизија претставува прв сигнал за политичкиот курс на новиот лидер, но истовремено отвора и сериозни прашања за тоа кој навистина ја контролира ситуацијата во Техеран.

Порака без појавување

Наместо лично обраќање, текстот на пораката бил прочитан на државната телевизија, а потоа објавен и на нов Telegram канал на канцеларијата на новиот лидер.

Во пораката, Моџтаба Хамнеи ја пофалил иранската војска и т.н. „фронт на отпорот“ – термин што Техеран го користи за својата мрежа на сојузнички милиции во регионот.

Покрај тоа, тој побарал репарации од државите што го нападнале Иран и повторил дека борбата против Соединетите Американски Држави и Израел ќе продолжи.

Пораката била придружена и со симболична фотографија со три примероци од ракопис – од основачот на Исламската Република Рухолах Хомеини, од убиениот врховен лидер Али Хамнеи, и од самиот Моџтаба Хамнеи.

Целта на симболиката, според аналитичарите, била јасна: да се претстави новиот лидер како легитимен наследник на револуционерната линија.

Закани и воена реторика

Во пораката доминира позната реторика на иранскиот режим.

Хамнеи зборува за „освета“ за убиените во нападите, ја слави улогата на иранските сили и ги повикува соседните држави да ги затворат американските воени бази во регионот.

Особено внимание предизвика делот во кој тој повторно ја спомнува можноста за задржување затворен Ормускиот Теснец – еден од најважните светски нафтени коридори.

Таквиот сигнал веднаш ги вознемири енергетските пазари, бидејќи преку тој теснец минува значителен дел од глобалната трговија со нафта.

Без најава за мир или реформи

Аналитичарот за Иран Араш Азизи изјави за CNN дека пораката нуди многу малку надеж за промена.

Според него, новиот лидер не покажува никаква намера да отстапи од основните политики на својот татко.

„Пораката е полна со закани и воена реторика, без никаква визија за политички реформи или деескалација“, оценува Азизи.

И Дина Есфандијари, аналитичарка за Блискиот Исток во Bloomberg Economics, смета дека Техеран се обидува да демонстрира тврд став.

Според неа, сигналот е јасен: Иран не се подготвува за прекин на конфликтот.

Големото прашање

Сепак, најважното прашање останува без одговор.

Иранската јавност – како и светот – сè уште нема видено или слушнато директно обраќање од новиот врховен лидер.

Според иранскиот амбасадор во Кипар, Моџтаба Хамнеи бил ранет во првите денови од војната, што дополнително ја поттикнува неизвесноста околу тоа дали тој навистина ја контролира власта во Техеран.

Иранскиот амбасадр во Кипар: Моџтаба Хамнеи бил ранет во нападот што го уби неговиот татко

Пораката можеби ја зацврстува поддршката кај неговата база, но за поширокиот регион остава впечаток дека конфликтот е далеку од завршување.

Редакција Фронтлајн

Прочитајте и…

Од сенка до врв: како Моџтаба Хамнеи ја презеде најмоќната функција во Иран

Tags: ИранМоџтаба Хамнеипрва порака
Next Post
Анаис хороскоп, Македонија

Дневен хороскоп со Анаис – 13 март 2026

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk