ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Српска ПР агенција ги штанца соопштенијата на СДСМ – обвинува ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ возвраќа: Дефокусот повеќе не поминува

March 20, 2026 13:53
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Српска ПР агенција ги штанца лажните соопштенија и прес-конференции на СДС“, изјави Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој обвини дека Зоран Башановиќ, поранешен советник на Зоран Заев, го води ПР тимот на СДСМ и Венко Филипче, додавајќи дека зад комуникацијата стојат лица поврзани со Србија.

Според Манасиевски, Венко Филипче пред неколку месеци, по препорака на Зоран Заев, остварил средба во Ниш со Милјан Счекич, кој наводно е ангажиран за креирање на соопштенија и прес-конференции.

Како што наведе, станува збор за лице поврзано со српската ПР агенција „Ај медија“ (Eye Media), кое преку Башановиќ било предложено да работи за СДСМ.

Манасиевски тврди дека Башановиќ и Счекич се наоѓаат во Скопје, каде од хотел го координираат, како што рече, „центарот за лаги и манипулации“ на СДСМ.

Тој додаде дека ова, според нив, ја објаснува содржината и стилот на соопштенијата на СДСМ, како и употребата на, како што рече, „српски фрази и споредби“.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека во наредните денови ќе изнесат дополнителни информации на прес-конференции поврзани со овие тврдења.

На обвинувањата реагираа од СДСМ, од каде велат дека станува збор за обид за дефокус од реалните проблеми.

„Платформата на ВМРО за урнување на СДСМ не помина, па сега Башановиќ?! Леб нема, ама има игри…“, се наведува во реакцијата.

Од СДСМ оценуваат дека, како што велат, дефокусот повеќе не функционира кај граѓаните.

„Дефокусот не го полни фрижидерот. Дефокусот не ги крева платите, не ги намалува цените на нафтата, не дава подобри услови за образование и здравство“, велат од партијата.

Во реакцијата се додава дека дефокусот, според нив, не може да ги прикрие случаите поврзани со корупција и апсења на функционери.

„Дефокусот не може да ги среди криминалот и корупцијата, ниту да го избрише апсењето на директорот од ВМРО за мито во скандалот со ИПАРД 3“, наведуваат од СДСМ.

Од СДСМ упатија и серија политички обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека партијата, како што велат, „ги излажала граѓаните“ за клучни прашања поврзани со државните политики и меѓународната позиција.

„Единствените предавници сте вие! ВМРО-ОКГ!“, се наведува во реакцијата, каде се додава и дека, според нив, ЕУ е национален интерес.

Во соопштението се спомнуваат и економски теми, како цените, буџетот и животниот стандард, како и обвинувања за контрола врз медиумите и тендери.

Реакцијата од СДСМ завршува со порака дека, како што велат, „дефокусот повеќе не може да ги покрие сите лаги“, додавајќи дека нема да дозволат, според нив, „Македонија да стане Венецуела и Колумбија“.

Политичката размена на обвинувања меѓу двете најголеми партии продолжува, со најави за нови прес-конференции и реакции во наредниот период.

Ј. Ѓ.

Next Post
Илустрација Фронтлајн

Дронови над база во Вашингтон каде живеат Рубио и Хегсет – САД во состојба на зголемена тревога

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk