ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лукаревска: Цените тројно растат, власта нема стратегија за кризата

March 24, 2026 11:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Откако е почната оваа воена криза, ние како СДСМ алармиравме повеќе пати дека мора навремено да реагираме, но Владата дури вчера донесе задоцнети и несоодветни мерки. Намалувањето на ДДВ-то од 18 на 10% не ги дава посакуваните резултати, бидејќи сведоци сме на нов раст на цените, што значи дека со вакви политики недоволно се штити стандардот на граѓаните“, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Таа остро ги критикуваше задоцнетите и недоволни мерки на Владата за справување со кризата, потенцирајќи дека една мерка не е доволна.

„Вчера слушнавме само една мерка, не слушнавме пакет на мерки. Гледаме европски цени, а платите се катастрофа. Една минимална плата не можете да ја покачи власта. Зошто? А, сега уште потешко ќе се покачи, бидејќи сме во криза. Сите пазариме во маркети, тројно се зголемени цените од претходно. А имавме зголемување на цените и кога немавме криза и тогаш реагиравме со повеќе законски решенија“, истакна Лукаревска.

Таа нагласи дека наместо задоцнети и половични решенија, потребни се навремени, цврсти и таргетирани мерки кои ќе ги заштитат и граѓаните и компаниите.

Лукаревска посочи дека СДСМ предложи конкретни мерки, намалување на ДДВ-то на нафтата и основните прехранбени производи, намалување на акцизата и патарините, но Владата не покажала слух за нив. Дополнително, Владата нема јасна стратегија, а краткорочните мерки не нудат решение за долгорочните последици од кризата.

Лукаревска потсети дека во време на претходните кризи СДСМ презеде навремени и обемни мерки, со кои успешно беа заштитени граѓаните и економијата.

„Во време на корона-кризата донесовме 110 мерки во вредност од 1,2 милијарди евра, поделени во шест пакети, а во енергетската криза обезбедивме 760 милиони евра поддршка, вклучително и субвенционирање на струјата за над 600.000 домаќинства. Тоа се конкретни мерки за конкретни граѓани“, нагласи Лукаревска.

Граѓаните денес се соочуваат со раст на цените и пад на куповната моќ, додека платите не го следат тој тренд, што дополнително ја влошува економската состојба.

„Не се потребни паушални препораки без стратегија, туку сериозен и сеопфатен пакет мерки кој ќе ги опфати сите засегнати страни. Само така може ефикасно да се одговори на кризата и да се заштити животниот стандард на граѓаните“, порача Лукаревска.

Next Post

Сијарто призна дека комуницира со Лавров за време на состаноци на ЕУ

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk