ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски најавува нови економски мерки среде ценовни шокови

March 24, 2026 12:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Улогата на централното банкарство станува уште поважна – не само како чувар на ценовната стабилност, туку и како столб на довербата, стабилноста и економската отпорност“, изјави премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за економските предизвици во услови на глобални кризи.

Во обраќање до претставници на централни банки и финансиски институции, Мицкоски посочи дека светот се соочува со силни инфлаторни притисоци, геополитички тензии и нарушувања во синџирите на снабдување.

Тој нагласи дека воениот конфликт на Блискиот Исток дополнително ги продлабочува економските предизвици.

„Сведоци сме на значителни нарушувања на пазарите на енергенси, раст на цените на нафтата и гасот, како и зголемена неизвесност која директно се прелева врз глобалната економија“, рече Мицкоски.

Според него, овие притисоци имаат директно влијание врз инфлацијата, трошоците за производство и животниот стандард на граѓаните.

Мицкоски истакна дека централните банки имаат двојна одговорност – да ја одржат ценовната стабилност и да ја зачуваат финансиската стабилност.

„Тоа бара внимателен баланс – помеѓу рестриктивни мерки за контрола на инфлацијата и поддршка на економската активност“, изјави тој.

Дополнително, нагласи дека дигитализацијата и финтек решенијата отвораат нови можности за поефикасен финансиски систем.

Владата најавува нови мерки

Премиерот информираше дека Владата веќе презела мерка за намалување на ДДВ за горивата, со цел да се ублажи ценовниот притисок.

„Денеска имаме редовна владина седница и ќе разгледуваме и други мерки коишто мислиме дека ќе бидат корисни во таа насока“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека, и покрај ценовните шокови, земјата има најниски цени на горивата во регионот, што довело до зголемена потрошувачка.

„За повеќе од 10% е зголемен конзумот на бензин и дизел гориво на нашите бензински пумпи“, изјави тој.

Мицкоски нагласи дека приоритет е стабилното снабдување со енергенси и координиран пристап меѓу институциите.

„Отпорноста значи способност да се издржат шоковите, но и да се излезе посилен од нив“, рече тој.

Next Post

Мицкоски: Од денес 3 денари попуст на сите бензински на ОКТА, во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk