ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

СДСМ: Државата ги спасува работните места, одобрени бескаматни кредити за 254 компании со над 2.800 вработени

Една од  мерките за помош и поддршка на домашната економија се и бескаматните кредити кои им се ставени на располагање на микро, малите и средни претпријатија.

April 16, 2020 09:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со цел полесно и побрзо надминување на кризата од коронавирусот Владата предводена од СДСМ презема сериозни чекори и мерки за помош на стопанството, за зачувување на секое работно место.

Со пакетот мерки државата спасува 250.000 работни места, им помага на работниците и над 35.000 компании.

Со цел надминување на последиците од кризата, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, со којашто се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година, како и Уредба која обезбедува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година.

Ослободувањето од плаќање на аконтациите на данок на добивка се однесува на правните лица кои вршат угостителска дејност, дејност на туризам или транспорт и други компании кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за справување со КОВИД–19.

Една од  мерките за помош и поддршка на домашната економија се и бескаматните кредити кои им се ставени на располагање на микро, малите и средни претпријатија.

За оваа мерка, во втората група апликации одобрени се нови бескаматни кредити за дополнителни 118 компании со 1.116 вработени.

Во двете групи досега, одобрени се бескаматни кредити за 254 претпријатија со над 2.800 вработени.

Досега во Развојната банка се доставени и веќе се разгледуваат повеќе од 1.050 кредитни апликации од страна на микро, мали и средни претпријатија.

Оваа мерка ќе ја подобри ликвидноста на компаниите погодени од кризата и ќе им помогне полесно да ги надминат негативните последици.

Кризата со коронавирусот остава сериозни последици врз економијата на глобално ниво. Затоа преземаме навремени и одговорни решенија за помош и поддршка на домашната економија.

Продолжуваме да работиме одговорно, посветено за заштита на секое работно место, затоа што за нас секој е важен.

Next Post

Анкета: Осум од десет верници велат дека ќе останат дома за Велигден и за Рамазан Бајрам

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk