ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Микробиолог Пановски: Починатата велешанка не можела да го зарази полицаецот со корона вирус

Пановски рече дека жив вирус во телото не може да остане и да предизвика болест, но во кадаверот е можно да останала рибонуклеинска киселина, односно дел од вирусот, и тоа со денови и години.

April 16, 2020 11:37
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Полицаец, член на тимот од крим техника, кој влегол во станот на 79-годишната почината велешанка да направи увид, има позитивен резултат на тестот за корона вирус. Кадаверот на жената бил во фаза на подоцнежно распаѓање и безживотен повеќе од една недела, а можеби и подолго, но сепак, првиот и засега непотврден резултат од обдукцијата на велешанката покажа дека во нејзиното дишно стебло била пронајдена РНК на вирусот, пишува Слободен печат.

Со финален извештај од Судска медицина, кој министерот за здравство Венко Филипче го најави за до крајот на неделава, ќе бидат познати деталите, меѓу кои и тоа дали навистина вирусот бил во кадаверот. Можноста да се работи за лажно позитивен тест исто така не е исклучена, иако сензитивноста на тестовите е прилично висока, а најмалку три до пет отсто од тестираните резултати се лажно позитивни или негативни, секаде во светот. Како се заразил полицаецот што го правел увидот кај починатата велешанка, не е познато, но случајот е особено интересен за јавноста, поради тоа што шпекулативно беше изнесено дека времето на смртта кај жената настапило во јануари, од што произлегува дека Македонија е првата земја на светот, пред Кина и Италија со корона вирус. Ваквата информација не ја исклучи ниту министерот за здравство, Венко Филипче.

Експерти од медицинскиот факултет посочуваат дека е многу важно каде и кога е земен брисот од полицаецот што бил на увид кај велешанката, за да се донесе било каков заклучок околу тоа кој како се заразил.

Микробиологот, професорот Никола Пановски, за Слободен печат вели дека не би било можно полицаецот да го контаминира лешот во длабоките делови на дишните патишта, ако брисот бил земен при обдукција. Но, ако од судска медицина зеле брис од нос, на лице место, тогаш теоретска можност, објаснува професорот – постои. Сите овие размислувања, дециден е Пановски, треба да се земаат со резерва, додека не бидат познати сите детали од случајот. Во оваа истрага се вклучени експерти од судска медицина, МАНУ и тим епидемиолози од Институтот за јавно здравје.

-Ако брисот е земен директно од долните дишни патишта на самата обдукција, тогаш не е можно тој да ја контаминирал. Од починатата жена не е можно вирусот да се пренел на полицаецот, затоа што таа ниту дише, ниту кашла ниту кива, а не може да го контаминира лешот во внатрешноста на белите дробови. Најверојатно се заразил некаде на друго место. Но, доколку од судска медицина зеле брис од нос на лице место, тогаш теоретски може. Од лешот дефинитивно не можел да се зарази – вели професорот Пановски.

Извор: Слободен печат

Next Post

Османи превентивно нема да присуствува на состанокот на Советот за безбедност

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk