Мисијата Артемис II испиша нова страница во историјата на човечкото истражување на вселената, откако успешно го изведе долгоочекуваниот прелет покрај Месечината.
Во текот на седумчасовниот прелет, астронаутите имаа редок поглед кон слабо истражената далечна страна на Месечината, од која 21% беше осветлена од Сонцето. Екипажот – Реид Вајзман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен – сними околу 10.000 фотографии, прикажувајќи кратери, сенки и детали досега невидени со човечко око.

Еден од највпечатливите моменти беше т.н. „Earthset“ – појава при која Земјата изгледа како да заоѓа зад хоризонтот на Месечината, слично на легендарните снимки од мисијата Apollo 8 во 1968 година.

Комуникацијата со Земјата беше прекината околу 40 минути додека Орион минуваше зад Месечината – очекуван момент познат како „радио тишина“.
На фотографиите се гледаат и облачни формации над Австралија и Океанија на осветлената страна на Земјата, додека другата половина е во ноќ.
Д. Е.









































































































