ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026 11:26
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

Голема делегација, големи зборови и уште поголеми најави – така изгледа дипломатскиот десант на Мицкоски во Виена. Но прашањето е едноставно: што од сето тоа има врска со реалноста?

Целта на дипломатскиот десант на премиерот Христијан Мицкоски и владината делегација во Виена е интензивирање на економската соработка со Австрија и враќање на дијаспората во земјата. Не е познато по кој редослед се наредени приоритетите, но двете идеи, како што ги претставува пи-арот – сведочат за големи амбиции. Тоа е очигледно и од обемот на министерската придружба во чиј состав се вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, министерката за енергетика Сања Божиновска и министерот за животна средина Муамет Хоџа.

Мицкоски ја дефинира дијаспората како „додадена вредност“ и „нераскинлива алка од нашиот идентитет“. Тој упати јавен повик до македонските иселеници во Австрија да размислат за враќање и вложување на својот капитал и знаење во Македонија. И тврди дека неговата влада работи на создавање на стабилна и предвидлива бизнис-клима за намалување на ризиците за инвеститорите.

Резимирано, премиерот и неговата придружба веруваат дека имаат моќ да ги трансформираат традиционално добрите политички односи во конкретни економски резултати. Тоа е целта на средбата со австрискиот канцелар Кристијан Штокер. Тука некаде се наоѓа и идејата за организирање на бизнис форум каде ќе се презентираат конкретни деловни проекти пред претставници на стопанските здруженија од двете земји.

Дотука, оваа широко распространета вест во македонската јавност звучи благопријатно. Сепак, оваа реторика не одговара на прашањето колку сето тоа има контакт со реалноста. Дури и да е премиер на Норвешка, прецизниот математичар Мицкоски треба да знае: желбите не се политика. Плановите не се резултати. А времето – токму тоа – го нема. Исто како што државата нема пари да ги задоволи апетитите дури и на само еден мал дел од партиската клиентела, а за апетитите на коалициските партнери и да не говориме.

Успехот на скапата дипломатија на Мицкоски не зависи од бројот на неговите летови, а уште помалку од бројот на позитивни објави во медиумите кои се, патем речено, во криза по изборната катаклизма на Виктор Орбан. Тоа зависи од квалитетот на неговото владеење и капацитетот на институциите, односно од тоа колку и на кој начин се спроведуваат неопходните реформи, ако воопшто се спроведува било што освен приватните агенди на луѓето од власта.

Земјата е закочена во идентитетските „војни“ на Мицкоски и општа несигурност во земјата, што ги исклучува можностите за напредување во процесот на зачленување во ЕУ. Сѐ подлабоката сиромаштија е придружена со назадувањето во владеењето на правото, економската несигурност и блокадата на ЕУ процесот. Долга е листата на „успесите“ на Мицкоски на која секако се наоѓаат здравството и образованието, но и правосудството, општествената кохезија и, да не заборавиме, безбедноста и одбраната. За добрососедските односи и да не говориме. За две години „успеа“ да ги врати „најдобрите години“ на неговиот претходник и ментор, кој деновиве чека поштарот да му донесе абер од новата власт во Унгарија.

 


Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk