ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026 19:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), во соработка со Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје (ФЕС), ја организираше петтата по ред Синдикална академија. Овогодинешното издание има посебно значење бидејќи е дел од програмата за одбележување на големиот јубилеј – 80 години од основањето на ССМ и осум децении континуирана синдикална борба во Македонија.

На дводневниот настан учествуваа синдикални претставници, активисти и правни застапници од сите гранкови синдикати на ССМ. Главниот фокус беше ставен на едукацијата и јакнењето на капацитетите за заштита на работничките права, особено во период на зголемени притисоци врз синдикалното движење и борбата за повисоки плати.

Под водство на проф. д-р Александар Ристовски од Правниот факултет „Јустинијан Први“, учесниците поминаа низ интензивни сесии посветени на слободата на синдикално здружување, механизмите за успешно колективно договарање и законските претпоставки за организирање штрајк. Преку работа во групи и споделување лични искуства, синдикалците ги анализираа предностите и слабостите во досегашното дејствување во јавниот и приватниот сектор.

На отворањето, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, потпретседателот за приватен сектор, Иван Пешевски, и менаџерот на програми во ФЕС, Валон Садики, порачаа дека само преку масовно членство и активна вклученост може да се изградат моќни синдикати кои ќе бидат рамноправни социјални партнери во државата.

Од ССМ нагласуваат дека оваа едукација е од пресудно значење во мигови кога синдикатот води интензивна битка за зголемување на минималната плата и заштита на животниот стандард. Тие предупредуваат дека колективните договори се под постојан удар од креаторите на политиките, а социјалниот дијалог во државата во моментов не ги дава посакуваните резултати.

„Само здружени работници ќе дадат посилни синдикати, а силните синдикати ни се особено потребни сега. Водиме борба не само за плати, туку и за зачувување на колективните договори и достоинството на трудот“, велат од ССМ.

Присутните синдикалци ја истакнаа потребата од креативни решенија за привлекување ново членство и проширување на синдикалните организации, што треба да ја зацврсти улогата на ССМ како заштитник на работниците на сите нивоа. Синдикалната борба, како што порачаа, продолжува со уште поголем интензитет.

Next Post
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk