ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Како ќе изгледа македонската „Пиета во прекривките на ургентноста“ која патува на 61. Венециско биенале

April 29, 2026 11:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Уметникот Велимир Жерновски и тимот од Музејот на современата уметност – Скопје деновиве заминуваат во Венеција за да го организираат македонското претставување на престижното 61. Биенале за уметност. Тие веднаш ќе почнат со поставување на монументалната инсталација „Дали моите очи ќе бидат затворени или отворени?“, која е дел од проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“, соопштија од Музејот на современата уметност (МСУ).

Македонскиот павилјон се наоѓа на локацијата „Спацио Кастело 77“ на влезот во Арсенале, а комесар на проектот е директорот на МСУ, Авни Ќаили. Куратори на ова претставување се Тихомир Топузовски од МСУ и Аманда Буткез од Канада. Во пресрет на заминувањето, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими Жерновски и Топузовски, при што беше истакната важноста на македонското учество како исклучителна можност за достојно претставување на домашниот творечки потенцијал и насушната потреба од институционална поддршка на културата.

Според авторот Велимир Жерновски, учеството е голема чест и обврска бидејќи станува збор за претставување на државата. Во своето монументално дело тој ја обвиткува препознатливата Пиета со златни ургентни прекривки изработени од метализиран пластичен филм, материјал кој првенствено се произведува за вселенски мисии. Тој појаснува дека овие водоотпорни и рефлективни фолии се искористени за повторно облекување на Пиетата, со цел да се постават онтолошки прашања за опстанокот и љубовта во злокобни времиња кои најавуваат деструкција.

Кураторот Тихомир Топузовски појаснува дека концептот ја разобличува фигурацијата на Пиетата, претворајќи ја во нов спектар на облици надвор од досегашните историски значења. Топузовски потенцира дека материјалот на прекривките денес функционира како визуелен маркер на жртвите на глобалната нееднаквост, градејќи нови етички рамки за сочувство кон поединци и групи во егзил. Кураторката Аманда Буткез додава дека проектот ги поканува посетителите да размислат како се реконфигурираат односите во време на бројни итни состојби, истражувајќи ја дилемата како ургентните прекривки истовремено нѐ штитат, но и нѐ изолираат од надворешните сили.

Венециското биенале, кое има историја долга 130 години, ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 година. Годинашната главна изложба е насловена „Во молски тоналитети“ и се реализира според визијата на кураторката Којо Куох, а ќе вклучи 110 уметници, 100 национални претставувања и 31 дополнителен настан.

Next Post

Мицкоски: Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува поцврст и поодговорен механизам за одлучување

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk