ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Мирчеа Џоана: Помошта за С. Македонија е пример како најнова членка на НАТО има бенефит од солидарноста на Алијансата

Во над седумдецениското постоење на НАТО, Алијансата се справувала со разни кризи, тензии и ривалства, и може да се прилагоди и на оваа најнова криза. НАТО е опремено да одговори… и како што гледам, се појавува обновено чувство на солидарност кое се протега од САД до Северна Македонија“, изјави тој.

April 16, 2020 18:46
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на стратешкиот одговор на НАТО на пандемијата од коронавирус, Турција денеска испрати товарен авион со опрема за лична заштита на медицински персонал во Велика Британија, додека Германија испрати илјадници апарати за белодробна вентилација кај повеќе сојузнички, изјави денеска Мирчеа Џоана, заменик генерален секретар на НАТО.

Преку видео-конференција организирана од Атлантскиот совет во Вашингтон, Џоана изјави дека  НАТО деновиве реализира повеќе од 100 стратешки летови за помош на сојузничките земји загрозени од пандемијата, изградени се повеќе од 25 полски болници, распоредени се над 4.000 лица воен медицински персонал за поддршка на цивилните здравствени работници со „херојски напор во тешки околности“ за помош и спасување на заболените од Ковид-19.

НАТО, исто така, поставило 25 илјади болнички кревети за третман на пациенти, додека „десетици илјади војници на земјите членки се на првите борбени линии“.

-Помошта за Северна Македонија е пример како најнова членка на НАТО има бенефит од солидарноста на Алијансата, изјави тој.

Додаде дека сите овие активности се координираат преку Евро-атлантскиот центар за координација на одговор од катастрофи, механизам на НАТО за цивилна одбрана во вонредни ситуации.

Во над седумдецениското постоење на НАТО, Алијансата се справувала со разни кризи, тензии и ривалства, и може да се прилагоди и на оваа најнова криза. НАТО е опремено да одговори… и како што гледам, се појавува обновено чувство на солидарност кое се протега од САД до Северна Македонија“, изјави тој.

На вонредниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, кој вчера исто така се оддржа преку безбедна видео врска, и министерската за одбрана, Радмила Шеќерениска, потврди дека дел од таа помошта за нашата земја дојде од земји како Холандија, САД, Норвешка или Чешка.

Џоана се осврна и на засилените дезинформации на државни и недржавни актери „кои прават многу штета во информациското пространство“.

-Ситуацијата со коронавирусот се злоупотребува и се прави масивна инфо штета, преку една информациска кампања што е комбинација од теории на заговор и сеење незадоволство и недоверба во нашиот демократски систем, во западните институции, и ова е нешто кое ние го земам мошне сериозно, истакна Џоана.

Тој укажа дека НАТО работи заедно со министрите за одбрана на земјите членки и владите на земјите на ЕУ, „одговорот на овие дезинформации да биде снажен“.

-Не дозволуваме позадината на оваа страшна човечка трагедија да биде користена и злоупотребена за да се сее неединство во Алијансата, порача Џоана.

Тој им порача на сите граѓани на ЕУ да отфрлат секакви митови и теории на заговор и да се обидат да примаат информации од проверени извори и професионални новинари, од акредитирани професионалци со проверено искуство.

За проблемот со пропагандата во време на пандемија вчера посочи и генералниот секретар Јенс Столтенбер, кој изјави дека сојузничките на НАТО во регионот се мета на дезинформации од странски извори пред се во однос на тоа колкава помош примаат од Алијансата и од ЕУ.

Next Post

Влада: Нема да се прави повторен преглед или рекатегоризација за посебен додаток за деца за време на вонредната состојба

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk