ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ ОБВИНУВА: Власта бара списоци на вработени во културата што тужат, Љутков спроведува модел на страв

May 15, 2026 17:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за култура на СДСМ денеска преку соопштение обвини дека во националните установи во културата се спроведува организиран модел на страв, притисоци и реваншизам врз културните работници, системски оркестриран од власта на ДПМНЕ и ресорниот министер Зоран Љутков.

Според опозициската партија, во речиси сите институции вработените што бараат почитување на Колективниот договор и своите законски загарантирани права се изложени на притисоци, етикетирања и обиди за замолчување.

„Скандалозно е сознанието дека од установите се бараат списоци на вработени што поднесуваат тужби за непочитување на своите работнички права. Тоа е опасен обид за етикетирање, заплашување и дисциплинирање на луѓето што не молчат пред неправдата“, се наведува во соопштението.

Од Комисијата за култура на СДСМ упатија остри критики лично до министерот Зоран Љутков, квалификувајќи го неговото однесување како лицемерно. Тие потенцираат дека Љутков, кој до вчера се претставувал како борец за синдикални права и достоинство на колегите, денес е претворен во нивен најголем противник, „извршител на притисоци“ и човек кој врши пресметка со оние што бараат законска плата. СДСМ ова го нарече политичко и морално предавство на луѓето со кои министерот до вчера стоел рамо до рамо.

Дополнително, од СДСМ обвинуваат дека на седници на управни одбори на вработените не им се дозволува право на збор ниту присуство на нивни адвокат, додека институциите се бранат со ангажирани адвокати платени со народни пари, што го оценија како злоупотреба на моќта.

„Културата не смее да стане сектор на уцени, списоци и партиска послушност. Вработените во музеите, театрите, библиотеките и сите културни институции не се ничии заложници“, порачуваат од опозицијата.

СДСМ јавно застана на страната на културните работници, најавувајќи дека ќе ја разобличува секоја форма на притисок и незаконско постапување, со порака дека борбата за достоинство во културата продолжува.

 

Next Post
Анаис. Мотив, Крушево

Викенд хороскоп со Анаис за 16 и 17 мај 2026: Информативен моментум и дигитална љубопитност

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk