Министерот Венко Филипче ги повика сите верници да прослават дома и да не се групираат.
Тој предупреди дека влегуваме во критична фаза со пандемијата КОВИД-19 и секакво групирање по било која основа, можат да ја оптоварат ситуацијата и после две недели да имаме уште еден пик на новозаразени.
„Категорично останувам на ставот дека не смее да има било какво групирање на граѓаните и доследно тие треба да се придржуваат до препораките. Сакам да кажам дека влегуваме во најкритичната фаза на епидемијата каде бројот на ново диагностицирани очекувано расте меѓутоа ние не смееме да дозволиме овој број дополнително да го оптовариме и да даваме шанса за понатаму, две недели од сега, заради овие грипурања ни се појават нови пациенти во нашата земја. Сите имаме одговорност, оваа форма на групирање воопшто не ја одобрувам, собирање од било каков тип се огромен ризик и апелирам до граѓаните ова да го сфатат многу сериозно, да го прослават празникат соодветно на состојбата и да се придржуваат до препораките”, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната онлајн прес-конференција.
А. Зеќири