ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Албанија ја врати легалната индустрија, Македонија сака да ја затвори

June 3, 2026 15:25
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во јавниот простор веќе подолго време се дебатира за најавените измени на Законот за игри на среќа, но во сите политички препукувања се премолчува еден клучен факт. Македонија во моментов се обидува да преземе законски модел кој не даде резултати кај нашиот западен сосед Албанија, која веќе официјално го укина го прогласи за пропаднат експеримент и го стави надвор од сила.

Наместо да учиме од туѓите грешки, домашните креатори на политики купуваат „расипан производ“ со поминат рок.

Зад популистичкиот наратив за „наводна заштита на граѓаните“ и одредбата за дистанца од 500 метри, се крие рециклирање на туѓ неуспех. Фактите од регионот го говорат следново:

Експериментот во Тирана (2018): Албанија донесе радикален закон со кој практично ги затвори легалните објекти. Ветувањето беше дека со тоа ќе исчезне играње кај населението.

Реалноста на терен е сосема поинаква. Наместо исчезнување, бизнисот преку ноќ се пресели во сивата зона. Се отворија илјадници диви обложувалници во приватни куќи и подруми, а парите почнаа да се одлеваат на странски, нелегални онлајн платформи. Албанските власти изгубија контрола врз малолетниците, врз криминалот, а државниот буџет претрпе огромен крах.

Сфаќајќи дека забраните само го хранат подземјето, владата во Тирана пред две години го укина сопствениот закон и повторно ги легализираше игрите на среќа со цел да ја врати контрола на системот и да ја сузбие сивата економија.

Се наметнува логичното прашање, а тоа е зошто Македонија денес, во 2026 година, упорно го турка токму оној модел од 2018 година од кој самата Албанија се откажа бидејќи донесе катастрофални последици?

Донесувањето на предложените измени нема да ги спречи луѓето да играат, туку само ќе го смени примателот на парите. Наместо домашни компании кои плаќаат даноци и придонеси во македонскиот буџет, пазарот ќе им биде подарен на странски „офшор“ сајтови и на нелегални локации, подруми и други небезбедни места на кои ќе се одвива играњето.

Според познавачите, последиците од овој закон ќе предизвикаат буџетска дупка и ќе ја остават државната каса без стотици милиони евра сигурни приходи кои досега индиректно го финансираа здравството, културата и спортот.

Преку ноќ, илјадници семејства кои егзистираат од овој сектор и придружните дејности (закуп на деловни простории, ИТ поддршка, маркетинг, услуги) ќе останат без приходи.

Оваа присилна елиминација на легалниот пазар отвора огромен сомнеж дека целта не е јавниот интерес, туку чистење на теренот за создавање државен или политички фаворизиран монопол врз интернет-обложувањето.

Предупредувањата на познавачите на состојбите говорат дека ваквиот закон наместо позитивни ефекти, ќе ја отвори вратата за негативните појави што следуваат со вакви драстични развој на црниот пазар на игри на среќа и намалена или никаква заштита на играчите, пред се на малолетниците.

Next Post

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

Shortcut

Најново

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk