Пишува: КРИСТИНА КОСТОВА
Истиот ден кога јавниот обвинител го поддржува затворањето на истрага за случај тежок стотици милиони евра, и тоа затворање го направила обвинителка чие име се најде во протечена кривична пријава со обвиненија за шпионажа, фокусот на сите медиуми е свртен кон изрекувањето 30-дневен притвор на поранешен опозициски функционер поради наводни 1800 евра мито.
Дали ситуацијата во Карпош станува до толку неодржлива и ќе мора да има нови градоначалнички избори, па Мицкоски преемтивно го чисти теренот?
Или едноставно е алергичен на автентично опозиционерско дејствување, особено кога е поткрепено со години опозициско искуство и создадени пријателства и сојузништва?
Каков и да е мотивот, очигледно е дека Мицкоски нема никакво чувство, туку ја има третата власт на speed dial, линија која ја користи за лични потреби – да се заташка планината од негови неуспеси која од ден на ден расте сѐ повеќе.







