ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Со прекугранична вело-тура околу Охридското Езеро успешно заокружени активностите за Денот на Европа 2026

June 8, 2026 15:11
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Преку масовна велосипедска тура која поврза три града и две држави, Струга викендов беше домаќин на завршниот настан од овогодишната богата програма за одбележување на Денот на Европа. Со оваа спортско-културна манифестација се заокружи серијата настани кои во текот на мај и почетокот на јуни се одржаа во повеќе градови низ земјава под мотото „Наша Европа. Посилни заедно“. Настанот беше организиран од Јуроп хаус и Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, во блиска соработка со нивните партнери од Албанија, како и со општините Струга, Поградец и Охрид.

Велосипедистите ја извозеа прекуграничната рута од Струга, преку Поградец и Охрид, па назад до почетната точка, испраќајќи силни пораки за одржлива мобилност, прекугранична соработка, активен животен стил и отворени јавни простори. Во турата активно учествуваа и претставници на амбасадите на земјите членки на ЕУ, предводени од заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Бен Нупнау, словенечкиот амбасадор Грегор Прескер, заменик-амбасадорот на Австрија, Матијас Хуменбергер, како и претставници од Амбасадата на Словачка.

Заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау, истакна дека оваа велосипедска тура го носи вистинскиот дух на Европа – отворена, инклузивна и секогаш во движење напред. Тој посочи дека со изборот на две тркала наместо четири, учесниците покажале дека малите, одржливи избори носат големи промени за здравјето, планетата и заедниците, оценувајќи ја рутата како круг на пријателство и заедничка посветеност. Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, изрази задоволство што неговиот град е домаќин на манифестацијата, нагласувајќи дека Струга е жив доказ оти европските вредности и соживотот не се само теорија или слоган, туку секојдневен начин на живот во кој различните култури и традиции ги прават граѓаните посилни.

Паралелно со спортскиот дел, Паркот на поезијата во Струга беше претворен во жив културен центар. Локалното население и посетителите уживаа во базар на мали бизниси, креативни работилници, детски програми, улични акробати и целодневна музичка програма поддржана од локални здруженија и партнери. Како дел од настанот беше отворена и изложбата на фотографии „Еуро Вело: Најдобрите европски рути за велосипедски патувања“ од авторот Симон Тред, посветена на промоцијата на активниот туризам.

Со манифестацијата во Струга се заокружи едномесечниот европски караван поддржан од тимот амбасади на ЕУ. Програмата претходно донесе низа автентични содржини низ земјата: еколошки и гастрономски пазар во Скопје, масовна акција за пошумување. околу езерото Младост во Велес, отворен концерт на групата Фанк Шуи во Битола, саем на книгата во Тетово, како и специјализиран младински саем за студирање и мобилност во Штип. Организаторите порачаа дека пораката од сите овие градови е единствена – дека европските вредности се градат секојдневно преку соработка на луѓето и идеите кои нè прават посилни заедно.

Next Post
Анаис. Мотив, Битола Широк сокак

Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

Shortcut

Најново

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk