ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРОМО & БИЗНИС

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026 15:02
in ПРОМО & БИЗНИС
Share on FacebookShare on Twitter

Пи-ар текст

Со месеци македонската јавност беше бомбардирана со изјави дека новите законски измени за игрите на среќа имаат за цел заштита на младите, тргање на коцкањето од телефоните и намалување на бројот на објекти. Но, на јавната расправа пред собраниската Комисија за финансирање и буџет, сите маски конечно паднаа. Директорот на Државната лотарија, Александар Климовски, јавно и без задршка призна дека државата сака и треба да има монопол врз интернет игрите на среќа. Со оваа скандалозна изјава се потврди она на што на Асоцијациите на секторот игри на среќа долго предупредуваа: овој закон воопшто не е регулација, ниту пак има намера да ги тргне игрите од телефоните. Вистинската и единствена цел е преземање на еден цел бизнис сектор и воспоставување контрола од страна на поединци на власта, преку затворање на легалниот приватен пазар и воведување класичен монопол.

Свесното бранење на монополот од страна на директорот на државната компанија отвора низа сериозни прашања. Ако целта на државата е самата да стане најголем и единствен коцкарски бос на интернет, што станува со судбината на 10.000 македонски граѓани кои во моментов се вработени во легалниот приватен сектор? Дали овие луѓе, нивните семејства и нивната егзистенција се само колатерална штета во планот за монополизација и богатење на државната лотарија? Одговорот се наметнува сам по себе, а тоа е дека државата е подготвена да жртвува десетици илјади свои граѓани само за да го исчисти теренот од конкуренцијата.

Во обид да го оправда овој преседан, Климовски се повика на пресуди од Судот на правдата на Европската Унија, тврдејќи дека монополите се дозволени доколку целта е заштита на потрошувачите и борба против зависноста. Но, во истата реченица тој самиот се демантираше, фалејќи се со „континуиран раст на прометот и приходите“ на Државна лотарија. Ова е врвно лицемерие и логички апсурд. Не можете истовремено да тврдите дека правите монопол за да го намалите и ограничите коцкањето кај населението, а од друга страна да се фалите како државата прави сè поголем промет и профит од истите тие играчи. Европската пракса е јасна: монопол се оправдува само со строга рестрикција на играта, а не со максимизирање на државниот профит.

Уште поопасна е манипулацијата на Климовски дека доколку државата ги организира игрите, парите ќе останат во буџетот, додека приватните приредувачи наводно ги изнесувале средствата во странство. Ова е флагрантно извртување на економската реалност. Легалниот приватен сектор во Македонија секоја година уплаќа над 350 милиони евра директно во државната каса. Тоа се пари од кои се градат патишта, се полнат фондовите и се исплаќаат пензии. Дополнително, приватните компании исплаќаат плати за 10.000 граѓани кои тие пари ги трошат во домашните маркети и плаќаат кирии на илјадници домашни сопственици на локали.

Вистинското одлевање на парите во странство ќе се случи токму поради желбата за монопол. Со забраната за приватните лиценцирани компании да оперираат на интернет, македонските играчи нема да престанат да играат, ниту пак сите покорно ќе се префрлат на државната платформа. Напротив, со два клика на својот телефон тие ќе пристапат до илјадници странски, нелегални црни сајтови каде што државата нема апсолутно никаква контрола, не може да ги заштити малолетниците и најважно нема да наплати ниту еден единствен денар данок. Тоа е сценариото во кое парите неповратно ќе исчезнат од државата.

На крајот, обидот на директорот да ја релативизира скандалозната даночна нееднаквост со зборовите „не треба да се гледа само процентот од 15 наспроти 23“ е само уште една потврда за неуставноста на овој закон. Државата не смее и не може да биде истовремено и судија кој ги носи законите и фаворизиран натпреварувач кој си доделува помали даноци, додека на конкуренцијата ѝ наметнува дополнителни огромни фиксни давачки за да ја доведе до банкрот.

Јавната расправа покажа дека Предлог-законот за игри на среќа е сè освен европски закон. Тоа е брутален обид за затворање на еден легален пазар со цел преземање на контролата и профитот, обид кој ќе резултира со економска катастрофа, експлозија на нелегалниот црн пазар и илјадници уништени човечки судбини.

Next Post

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

Shortcut

Најново

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk