ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026 12:16
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

РАЦИН.МК

Политичката етикета „српски свет“ не може да стане реално обележје за иницијатива во која покрај Македонија, и Албанија беше еден од столбовите на рамнотежата. Обидот на премиерот да се брани себеси преку Отворен Балкан нема да ги избрише конкретните мерки што произлегоа од иницијативата.

Во обид да одговори на обвинувањата за „српски свет“, премиерот Христијан Мицкоски во собраниската расправа околу Иван Стоилковиќ ја избра веројатно најпогрешната можна линија на одбрана – Отворен Балкан. Тоа е иницијатива што, со учество на три држави кои во тоа време имаа јасно исцртани сопствени геополитички позиции, во пракса функционираше како ретка рамка за конкретна регионална соработка меѓу Македонија, Србија и Албанија. Токму затоа, обидот таа да се сведе на идеолошка конструкција работи контра Мицкоски, особено ако се има предвид дека и самиот тој во различни периоди испраќаше неусогласени пораки за нејзината вредност, од сомнеж и нејаснотија, до признавање на нејзините практични ефекти. Оттаму, со ваквиот пристап премиерот само ја потсетува јавноста (која во периодот кога иницијативата беше жива даваше поддршка од неверојатни 80% од целата популација во сите три држави) дека Отворен Балкан треба да се оценува според тоа што испорача, а не според тоа како политички тој сака да ја интерпретира.

„Оние што денес зборуваат за српски свет, вчера беа најгласни поддржувачи на истите политики и иницијативи“, рече Мицкоски, алудирајќи на Отворен Балкан, иницијатива што во изминатите години истовремено беше предмет на политички напади и пример за регионална соработка со мерливи резултати.

Но, фактографски, Отворен Балкан беше далеку од само дипломатска платформа за заеднички фотографии на лидерите од Скопје, Белград и Тирана. Нејзината основна цел беше практикување на четирите европски слободи (движење на луѓе, стоки, услуги и капитал) во регион кој со децении губи време, пари и конкурентност на граници, административни постапки, царински застои и недоверба меѓу соседите.

Политичката етикета „српски свет“ не може да стане реално обележје за иницијатива во која покрај Македонија, и Албанија беше еден од столбовите на рамнотежата. Обидот на премиерот да се брани себеси преку Отворен Балкан нема да ги избрише конкретните мерки што произлегоа од иницијативата. Првата видлива придобивка беше Договорот за соработка при катастрофи и несреќи, склучен меѓу Албанија, Македонија и Србија, а не само меѓу Македонија и Србија. Во услови кога пожарите не признаваат граници, таквата оперативна солидарност беше пример дека регионалната политика има смисла само ако произведува брз одговор на реална криза.

Втората важна точка беше енергетската и прехранбената сигурност. За време на енергетската криза, трите држави во рамки на Отворен Балкан договараа механизми за меѓусебна помош во снабдувањето со храна, струја и енергетски ресурси. Во период кога Европа се соочуваше со неизвесност околу цените и достапноста на енергенсите, регионалната координација не беше идеолошко прашање, туку прашање на стабилност на системите.

Третата придобивка беше воведувањето зелени ленти на граничните премини Табановце и Ќафасан. Тоа беше директна мерка за компаниите и транспортерите, со цел побрз проток на стоки, помалку чекање и пониски трошоци за извоз и увоз. Во регион каде што транспортот често е поскап поради бирократија отколку поради километри, секое скратување на времето на граница значи подобра конкурентност за домашните производители.

Четвртата и можеби најважна придобивка е слободниот пристап до пазарот на труд. Преку системот на Отворен Балкан, граѓаните на Македонија, Србија и Албанија добија можност електронски да бараат пристап до пазарот на труд во друга држава од иницијативата, без класичната постапка за работна дозвола и без административното оптоварување што претходно ја ограничуваше мобилноста на работниците. И повторно е важно да се напомене улогата на Албанија во овој проект, во корелација со апсурдната теза за некаков српски свет во кој Албанија е рамноправен партнер.

Тоа значи дека работник од Македонија може полесно да бара работа во Србија или Албанија, како што и граѓани од тие земји можат поедноставно да се вклучат на македонскиот пазар на труд. Во регион што се соочува со иселување, недостиг на квалификувана работна сила и стареење на населението, ваквата мобилност е економска потреба, не политичка декорација.

Петтата придобивка беше во туризмот и промоцијата на регионот како поврзана дестинација. Заедничките туристички настапи, кружните тури и обидот регионот да се претстави како единствена понуда беа обид Балканот да излезе од логиката на мали и раздробени пазари. За туристите од далечните пазари, Македонија, Србија и Албанија не се изолирани точки, туку дел од пошироко регионално искуство.

Шестата придобивка беше промоцијата на македонското вино. Саемот „Wine Vision by Open Balkan“ во Белград стана една од највидливите платформи за македонските винарии, дестилерии и производители на храна. Македонското вино доби можност да настапи пред регионални и меѓународни купувачи, увозници и дистрибутери (не само пред српски и албански).

Тука е и суштинската разлика меѓу политичката реторика и економската реалност. Ако една иницијатива отвора пазари, ги олеснува границите, овозможува побрз превоз, признава документи, промовира производи и го прави пазарот на труд помалку затворен, тогаш таа не може да се сведе на геополитичка етикета.

Прашањето денес е зошто актуелната македонска Влада не иницира и избегнува вакви мултилатерални регионални проекти и зошто наместо тоа ние имаме билатерални односи со Србија кои на очиглед на јавноста се сведени на сомнителни политичко-пропагандни манифестации со сомнителен историски контекст, организирани од српските служби на територијата на нашата држава.

Изјавата на Мицкоски ја погоди политичката контрадикција. Дел од актерите што денес ја напаѓаат секоја регионална иницијатива како сомнителна, се или беа дел од влади и политики што го промовираа Отворен Балкан како модел за економско поврзување. Вклучувајќи го и самиот премиер Мицкоски кој активно присуствуваше на Wine Vision, кој прерасна во еден од најголемите вински фестивали во овој дел од Европа, промовирајќи ги македонските винарии и економија.

Промената на политичката позиција е легитимна, но фактите остануваат: зелените ленти, заедничката електронска М Таг патарина, слободниот пристап до пазарот на труд, помошта при пожари, енергетската координација, винската промоција и туристичките настапи се реални мерки со реални придобивки, не реторички конструкции.

Затоа расправата за Отворен Балкан не треба да се води преку пароли, туку преку резултати. За приближно 11 милиони граѓани во Македонија, Србија и Албанија, иницијативата беше вредна онолку колку што можеше да го намали чекањето на граница за транспортерите, да отвори работна можност, да помогне во кризен момент или да создаде нов пазар за домашен производ.

Политиката може да ја менува реториката, но практичните придобивки имаат поинаква мерка. Ако тие носат побрзо движење, поефикасни услуги и поголеми можности за граѓаните и компаниите, тогаш Отворен Балкан не беше српска чајанка, туку регионална алатка што треба да се оценува според тоа што испорачала.

 


Извор (текст и фото): РАЦИН.МК

Next Post
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

Shortcut

Најново

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk